ПЕЛАШКО-ЕОЛСКА АТИНА – ДЕЛ II

Меѓу најпознатите братства на Нелеидите од Пил во Атина спаѓаат Кодридите, Пизистратидите, Алкомеонидите и Пајонидите.

Кодридите својот патроним го добиле од Кодра, митскиот крал на Атина, кој е Мелантов син. Во митологијата, Мелант е Нелеев потомок, син на Андропомп и Хениона, татко на споменатиот Кодра.15 Бил владетел во Месенија на Пелопонез сè до доаѓањето на Хелена. Пребегнувајќи од нив со некои свои поданици во Атика, станал крал на Атина, на местото на дотогашниот крал Тимет, брат или зет на тројанскиот крал Пријам. Тимет бил последен Тезеев потомок. Бидејќи за време на војните помеѓу Атињаните и Фениќаните од Теба околу градот Еној на североисток на Атика, ниедна страна не однела победа, одлучено е војната да се реши со двобој помеѓу кралевите.

Тимет не се осмелил да излезе на двобојот и објавил дека ќе му ја предаде власта над Атика и Атина на оној јунак кој ќе го победи тебанскиот крал Ксант. Мелант ја прифатил борбата наместо кралот Тимет и во жестоката борба го победил противникот. Во знак на благодарност за извојуваната победа над Тебанците, Атињаните го избрале Мелант за крал. По Мелантовата смрт, неговиот син Кодро станал крал на Атина со која владеел дваесетиедна година. Имал два сина: Медонт и Нелеј. Легендарниот крал Кодро загинал храбро борејќи се против Хелените кои надирале најпрво преку Дорида, кога не успеале, а потоа преку Пелопонез. Убиен е пред градската капија на Атина околу 1091 или 1088 година пред Христа. Папаставроу16 смета дека тоа се случило во 1050 година пред Христа.

15  Херодот, Историја I, 147, Матица Српска, Београд, 1988.

16  Papastavrou, I.: Istoria tis Arhaias Ellados, p. 51, Hiotelli, Athinai, 1972.

Кодро бил наследен од неговиот постар син Медонт. Меѓутоа, помеѓу браќата дошло до караница околу престолот. Поради тоа, а и поради постојаното и сè посилно навлегување на Хелените, новите освојувачи од Пелопонез и од Дорида-Дриопида, Нелеј Помладиот, со бројни Атињани и Атичани, како и со бегалците од Пелопонез, ја напуштил Грција и мигрирал во западниот дел на Мала Азија, во 1044 година пред Христа. Тука, емигрантите основале „Сејонски сојуз“ од дванаесет градови, со Милет како главен град. Во многу од овие градови, кралеви17 станале Кодриди. Овие Кодриди, потомци од тесалските и месенските Подунавци, со Ахејците и другите староседелци, ги удриле темелите во новите услови на источните брегови на Егејот, на својата нова култура, а пред сè на својот палеобалкански јазик, познат како јонски дијалект, а ги пренеле и своите Олимписки богови и своите епови. Јоњаните-Нелеиди (Иафони или семитски Јавани) први го прифатиле феникијското писмо помеѓу 900-700 година пред Христа.

Овде, учениот Талет (625-548 пред Христа) со своето тврдење дека во основа на сите нешта е водата, ги објаснил многуте природни процеси (земјотреси, движењето на сонцето од рамнодневицата, помрачувањето на сонцето) и како прв филозоф на природата материјалниот принцип јасно го спротивставил на божествениот. Така, во тоа „мрачно“ историско доба на истокот на Егејот се јавуваат нови центри на цивилизација во Јонија на југ и во Еолија на север (бреговите на Мала Азија), со развој не само на филозофијата (покрај Талет, тука се и Анаксимен, Анаксимандер, Ксенофон), и уметноста (јонски стил), но и на медицината (Хипократ), како и на историјата (Херодот), литературата (Хомер, Хесиод) итн.

17  Херодот, Историја I, 147, Матица Српска, Београд, 1988.

Со цел да ја развијат трговијата, Милетјаните и Еолците од Мала Азија, долж брегот на Егејот, Мраморното и Црното Море подигнале (уште во VIII и VII век пред Христа) многубројни колонии, како што се: Абид, Амис, Синоп, Трапезунт, Керасунт, Лампасак, Феринт, Парион, Фасид, Теодосија, Диоскурија, Пантикап, Циби, Истар, Томи (Констанца), Одеса, Аполонија итн., вкупно околу 75 градови или 90 трговски станици. Колонитиите обезбедувале не само трговија со житарици, волна, дрвена граѓа, кожа и робови со Скитите и Вавилон, туку и ширење на културата и други. Овие центри опстанале, речиси, сè до V па дури и до IV век пред Христа.

И покрај наведените миграции во X век пред Христа, многу Кодриди, Медонтови потомци-Медонтиди и други Нелеиди-Пизистради и Алкмеониди опстанале во Атина и Атика и тие може да се следат до IV век пред Христа. Томсон,18 цитирајќи го Петерсон19, наведува дека за тоа време генеолошкото дрво само на Кодрид опфаќа 32 генерации. Меѓу најзначајните спаѓаат Солон и Платон.

18  Thomson, G.: I Arhaia Eilliniki Koinonia-to Proistoriko Algaio, p. 126, Athina, 1954.

19  Questions de historia gentium Atticarum, Schleswing, 1880.

Солон, околу 638-559 година пред Христа, е Ексикестидов син од Медонтовото стебло на Кодридите. Бил еден од седморицата грчки мудреци. Се истакнал во велетрговијата и во политичките борби во Атина помеѓу аристократите и демосот. Во годината 594/3 пред Христа станал законодавец и реформатор. Неговите робовласнички закони постигнале врв во Перикловото доба и опстанале сè до времето на Александар Македонски во Александрија. Тие станала почетна основа за историскиот развој на идејата за држави во Европа.

 

Дел од атинското секојдневие

За Солон, Херодот20 изнесува дека, откако ги напишал законите, веднаш после тоа отпатувал во светот на десет години, за да не биде присилен да ги укине законите. Кога дошол во Сард кај кралот Крез во Лидија, гостинот го повел низ ризницата и го запрашал кој човег го смета за најсреќен на светот, а тој одговорил дека „,,, за никого пред смртта не смее ниту да се помисли ниту да се каже дека е благословен, а камоли среќен“, бидејќи … „на многумина бог прво им дава среќа, па потоа ненадејно сосема ги упрапостува…“ што, всушност, се случило и со Крез. Во меѓувреме, Крез се распрашувал кои се најмоќните меѓу Хелените за да ги придобие за пријатели. Солон одговорил: „… Лакедемонците и Атињаните се пред сите. Лакедемонците се од дорско потекло, а Атињаните од јонско… Атињаните воделе потекло од Пелазгите, а Лакедемонците се од хеленско потекло.“ Херодот21 на крај заклучува дека Солон го земал законот од Египјаните и во внел во атинското законодавство и така, бидејќи е многу благотворен, сè уште е на сила.

20  Херодот, Историја I, 29, Матица Српска, Београд, 1988.

21  Херодот, Историја II, 177, Матица Српска, Београд, 1988.

Платон или Аристокле (427-347 пред Христа) е син на Кодридот Аритон и на Периктиона. Станал голем филозоф и основач е на филозофската школа – Академија во Атина. Сржта на неговата филозофија ја сочинуваат учењата за идеите како непроменливи мислени суштини на светот, додека „сетилните нешта“ претставуваат само нивни „сенки“. Највисоката идеја е идејата за доброто, која е само идеја за божественото, додека најголема доблест е мудроста. Методата на барање на вистината, според Платон, е дијалектиката како вештина на споредување и анализа. Најпознати Платонови дела се: „За државата“, „Гозба“, „Федар“, „Сократова одбрана“, „Менон“,

„Симпозион“, „Тимај“ и други. Платон е Сократов ученик и Аристотелов учител. Платоновата Академија, како филозофска шкоал, постоела до 529 година пред Христа кога, како паганска институција, ја укинал византискито цар Јустинијан.

Следното братство на Нелеидите во Атина се Пизистратидите. За нив Херодот22 изнесува дека навистина по потекло биле од Пил на Пелопонез и потомци на кралот Нелеј, исто како и семејството на Кодра и Мелант, кои порано се доселиле во Атина и таму станале кралевски семејства. Освен тоа, Нелеидите најмногу влијаеле врз обликување на општествено-социјалниот и економски живот во таканаречениот архаичен период (VIII-VI век пред Христа) и во доба на класичната цивилизација на Грција. Тие придонеле кон формирање на полис-државите, со преод од кралевско уредување, преку олигархија и аристократија, од големите грчки колонизации и тиранија до демократија, како врв на политичкиот живот.

22 Херодот, Историја V, 65, Матица Српска, Београд, 1988.

Пизистрат е Хипократов син, владеел со Атина седумнаесет годни (560-543 пред Христа), односно три пати е биран за тиранин и три пати бил прогонет (шеснаесет години). Неговото доба се смета за најславно време во историјата на Атина, а тој за најголем политичар.23 Аристотел24 за него изнесува дека „бил холем хуманист, милостив и демократски етичар, способен политичар и војсководец“. Освен тоа, Пизистрат бил прв кој ги собрал расфрлените Хомерови дела што се сочувани до денес. Умрел во 528/7 година пред Христа. По неговата смрт, владетел (архонт) на Атина станал неговиот син Хилиј кој управувал со државата до 50 година пред Христа.

Него го наследил неговиот син Хипарх, до 514 година пред Христа, кој паднал како жртва на еден атентат во кој биле вмешани Спарта и Тукидид. Времето на Пизистратидите претставува најголем степен на атинската, па и на грчката, цивилизација во архаичниот период и на нивната доминација на просторите на Егејот. Со Пизистратидите се завршува периодот на тираните, кога со помш на Хелена од Спарта на сцена стапува наредното Нелеидско семејство на Алкмеонидите.

23  Papastavrou, I.: Istoria tis Arhaias Ellados, p. 124, Hiotelli, Athinai, 1972.

24  Аристотел, Политика, II, 7.

Алкменоидите се потомци на Алкомеон, Трасимедов внук. Имено, Трасимед со братот Антилох, го следел татка си Нестор, Нелеев син, во Тројанската војна. Антилох во војната загинал, жртвувајќи го животот за да го спаси таткото и погребан е на Хелиспонт, заедно со Ахил и Патрокле. По разорувањето на Троја, Трасимед среќно се вратил во родниот Пил.25 Трасимед е Силов татко и дедо на Алкмеон, претци на атинската фамилија Алкмеониди. Погребан е во Пил.26 Алкмеон е последен доживотен архонт на Атина, во 757 година пред Христа. Негови потомци се: Мегакле, Клистен, Клиниј, Перикле, Клиниј II, Алкибијад, Клиниј III и други. Наведуваме само некои од значајните личности на ова големо братство.

25  Хомер, Илијада и одисеја, II, IX, 80, Нови Сад, 1985. (прев. М.Н. Ѓуриѓ)

26 Pauzania, Periigissis tis Ellados, II, 18, IV, 36, (прев. Пасини: Водич по Хелади), Логос, Сплит, 1989.

Мегакле бил атински политичар и архонт. Познат е по тоа што во 612 година пред Христа ја уништил партијата на Клинеј. Неговиот истоемен внук бил Пизистратов противник, додека неговиот праправнук бил Алкибијадов дедо.

Клистене син на Негакле и Агариста, глава на Алкмеонидите во Атина. Извршил реорганизација на општествениот систем и ја зацврстил демократијата. Меѓутоа, новата демократија во Атина наишла на реакција кај конзервативната хеленска Спарта, па дошло до воен судир. Поради оваа криза дошло до сојузништво помеѓу Атина и Персија, а подоцна и до грчко-персијските војни во 490 и 479 година пред Христа.

 

Атина

Меѓу значајните Алкмеониди спаѓа и Перикле (499-429 година пред Христа). Тој е Ксантов и Агристин син, најголем и најславен демократски државник на Атина, претставник на „златното Периклево доба“, на класичната грчка цивилизација. Водач на демократската партија во Атина станал во 459 година пред Христа. Во општеството заземал високи положби, а најглемата функција ја имал како главен стратег на Атина. Владеел полни дваесет години. Спровел крупни демократски, политички и екномски реформи. Бил мецена на филозофијата и уметноста. Ја разубавил Атина со велчествени градби на Акропол (Пантеон, Пропилеј итн.). Покрај тоа, им помагал на знаменити уметници, како што се вајарите Фидиј и Мирон, сликарите Аполодор и Полигнот, филозофот Анаксагор и други. Значително го проширил влијанието на Атина во Егејот и го основал Амфипол кај Стрмон, во Македонија. Умрел во 429 година пред Христа во Атина.

Периклевиот роднина Алкибијад (450-404), син на Клиниј, бил познат Атињанин, Сократов ученик. Бил многу надарен и станал атински војсководец и државник и Периклев наследник. Тој е претставник на новата генерација софисти. Како одличен говорник, успеал да ги наговори Атињаните да ја обноват војната против хеленска Спарта во 415 година пред Христа и така започнала II Пелопонеска војна, кобна за Атина. Војувал против Сицилија, а бил сменет од високата функција откако бил обвинет дека ги навредувал боговите.

Пребегнал кај Спартанците кои, благодарение на него, тешко ги поразиле Атињаните, но сепак се помирл со Атињаните во 408 година пред Христа и повторно станал воен заповедник. Животот го завршил во Мала Азија каде го убиле Персијанците по налог на Спартанците. Неговото предавство на демократската Атина и пребегнувањето во аристократските земји Спарта и Персија претставува типичен пример на човечката свест во време на пропаѓање на робовладетелското општество, непосредно пред потпаѓањето на Грција под власта на Македонија.

Како што може да се заклучи, помеѓу Нелеидите постоеле политички антагонизми, но, исто така, и помеѓу Нелеидите и Лапитите. Така, на пример, Пизистрат, во 559 година пред Христа, од политички причини го протерал Кипселовиот син, Милтијад, во тракијскиот Херсонес.

Имено, Кипсел бил потомок на тесалските Лапити од фамилијата на кралот Кенеј и прв тиранин на градот Коринт на Пелопонез, во 657 година пред Христа. Имал два сина, меќу кои спаѓа и Милтијад. Во Тракија, Милтијад станал многу богат. Неговиот внук, исто така по име Милтијад, бил избран од страна на Атињаните за врховен командант на оружените сили на Грција против Персијците и победник е кај Маратонското Поле, во 490 година пред Христа.

Тука загинале 6.400 Персијци, а само 192 Грци, што претставува прв светско-историски настан во Европа,27 чии заслуги припаѓаат најмногу на стратешката виртуозност на овој Лапит – на Милтијад. Неговото дело во војните на Атинскиот сојуз по Саламина и протерување на Персијците успешно го продолжил неговиот син Кимон, со што придонел за водечкото место на Атина во „грчкиот свет“. Тоа условило да се развие антагонизам помеѓу двете доминатни, во тоа време, полис-држави, Атина и Спарта; Атина, чија етногнеза била од племињата од Подунавје и Спарта со хеленска етногенеза. На крај, во пролетта, во 431 година пред Христа, избила војна која траела 27 години што била детално опишана од Тукидид. На чело на Атинскот сојуз била Атина, додека на чело на Пелопонескиот сојуз била хеленска Спарта. Нивната слабост ја искористиле Македонците.

27 Papastavrou, I.: Istoria tis Arhaias Ellados, p. 184, Hiotelli, Athinai, 1972.

Продолжува

 3.3.3  0.0

Пишуваат: АКАДЕМИК А. ШКОКЉЕВ-ДОНЧО И СЛАВЕ КАТИН