САЈТ ВРЕДЕН 100 000 ЕВРА

Само за сајтот на ФФМ, минатата година се потрошени речиси 100 000 евра, или поточно, 5 778 850 денари, или скоро една десетина од буџетот со кој располагала Фудбалската федерација на Македонија. Само како споредба, за истиот тој сајт потрошени се речиси двојно помалку пари отколку во 2017 година, или 3 459 249 денари. Сето ова може да се види од буџетот кој беше претставен на штотуку одржаното Собрание на ФФМ на кое едногласно беше усвоен буџетот за 2018 година.

Останува нејасно зошто се потрошени толку пари за сајт кој не е ништо подобар од оние кои се одржуваат со 1000 евра годишно. Или ајде да бидеме широкогради па ќе кажеме вака. Феноменален сајт, кој ги има сите можни заштити, кој се абдејтира навремено, со плати и сл. работи, чини околу 20 000 евра годишно. До 100 000 има уште многу. Освен тоа зошто и е на ФФМ уште еден сајт, кога и овој постоечкиот не се полни онака како што треба е навистина прашање кое бара одговор од некој кој што го смислил тоа.