КСС: Прифатлив моделот за предвремено пензионирање, старосната граница за пензионирање од три до пет години

За Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) е прифатлив моделот за предвремено пензионирање, но предлага старосната граница за пензионирање да биде од минимум три до пет години односно од 59 до 61 година за мажи и од 57 до 59 години за жени.

– Доколку работниците предвремено одат во пензија, процентот ќе им биде намален поради годините од предвремено пензионирање, според процентот на годините стаж, но штом ја исполнат старосната граница пензионерите да си ја добијат пензијата во полн износ, исто како да ја исполниле старосната граница од 64, односно 62 години, предлагаат од КСС.

Синдикатот бара да се изнајде и начин за да бидат обештетени оние работници кои ја изгубиле работата по било кој основ, бидејќи, како што посочува КСС, тоа се луѓе кои немаат никакви финансиски приливи и не можат да ги платат режиските трошоци.