Струмичката агенција за обезбедување изминативе 2 години земала тендери на сметка на граѓаните во висина од над 21 милион евра.
Покачувањето на цената на електричната енергија е резултат на високите тендери кои ги добива струмичката агенција за обезбедување од универзалниот снабдувач за електрична енергија.
Истото се случува со народните пари кои ги добиваат преку тендерите од општините кои се под водство на СДСМ, СОЗР и останатите институции кои ги води СДСМ.
Изминативе неколку денови јавно обзнанивме 10тина тендери кои ги земала оваа струмичка агенција за обезбедување и на сите повеќе и од јасно им е дека се несразмерни во однос на сумите и она коешто го вршеле како услуги.
Гледајќи ги тендерите сериозно мириса и остава сомнеж дека се испумпани пари преку овие тендери и оваа агенција на конто на семејството Заеви, а сето тоа на трошок и грб на граѓаните кои ги плаќаат овие пари.
Оттука сакаме јавно да повикаме до институциите, кои се под водство на СДСМ и кои ги имаат канџите на СДСМ врз нив, кои сепак се нивни соучесници, да се одважат, да се отргнат од нив и да отворат случаеви за овие сомнежи за испумпување пари.
Над 21 милион евра пари на граѓаните се испумпани од институции и универзалниот снабдувач, граѓаните плаќаат повисока цена на електрична енергија и граѓаните тонат во сиромаштија.
Антикорупциската комисија, Јавното обвинителство, регулаторните комисии, сите молчат и со месеци ги нема да застанат очи во очи на криминалот, практично на еден начин се соучесници.
Повикуваме уште еднаш, да отворат случај за сите сомнежи за криминал и испумпани пари, бидејќи се работи за парите на граѓаните.
Во спротивно, сите овие институции и нивни функционери се соучесници во целиот овој криминал.
Новинарско прашање: Заев и Ахмети денеска на лидерска средба се очекува да ја објават владината коалиција дека е постигнато парламентарно мнозинство. Ваш коментар околу ова релативно бргу се чини ја договорија коалицијата старо новите партнери и како гледате на информациите дека клучни места од типот на МВР ќе припаднат на ДУИ?
Одговор: Во овие моменти не би има што да коментирам подетално би почекале во текот на денот да излезат официјални информации и детали бидејќи изминатиов период кој што помина од како почнаа на некој начин преговорите помеѓу СДСМ и ДУИ гледаме дека ги држат граѓаните и јавноста без информации сето тоа го работат тајно така да сите подетални коментари ќе ги дадеме кога ќе ги видиме деталите од наводниот или можен договор кој што би го објавиле доколку би го објавиле денеска.