Почитувани,
Министерот за здравство Венко Филипче изјавува дека опозицијата била виновна што бил блокиран кредитот од Светска Банка и дека постојано манипулира со бројките.
Ова претставува брутална лага од страна на човекот кој е пример за неуспех и кој на своја совест го има колабирањето на здравствениот систем, што народот го чини животи.
Единствен што манипулира е токму Венко Филипче кој велеше дека бројката на заболени ќе достигне 2.000, а денес имаме над 12.700 заразени. Фијаско! Десет пати повеќе од тоа што Филипче го прогнозираше.
Филипче, слушајќи го својот ментор, претходникот, оној кој го нарекуваа министер за смрт, воведоа систем кој не дава резултати и кој е еден од најнеуспешните во Европа. Токму поради неспособноста на овој човек денес граѓаните се затворени во кафез и земјите од Европската Унија и понатаму остануваат затворени за нас за движење.
Кредитот од Светска Банка, за кој вели дека не бил одобрен од опозицијата, е само параванот со кој Филипче сака да ја крие од јавноста и да ја оправдува својата неспособност.
На крајот, што ја спречуваше владата, чиј министер е Филипче, да го одобри кредитот од Светска Банка со еден потпис на нивниот министер, како што тоа веќе еднаш го направија во февруари оваа година. Главната поента е што, од една милијарда евра кредити, сите до едно евро се потрошија на изборен поткуп, а во здравството, наместо борба против корона, се изгради една монтажна болница која е странска донација.
Што стана со Клиничкиот центар кој го ветуваше Филипче? Ниту една цигла не е ставена. Брутално излажа. Се стопираше и градбата на Клиничката болница во Штип.
Што стана и со помошта која ВМРО-ДПМНЕ и претседателот Мицкоски ја побара и договори со словенечкиот премиер Јанша во справувањето со Ковид – кризата?
Единствено што Филипче го интересира е личниот интерес. И во тој контекст Филипче, наместо справување со Ковид кризата, единствено останува посветен на парцелите и хациендата во Нерези. Само таму, без застој, се развива проектот „Касарна” на министерот за здравство.
Неуспехот во борбата против короната има име и презиме. Се вика Венко Филипче.
Ви благодарам на вниманието.