Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, коj престојува во официјална посета на Република Турција, денеска во Анкара положи венец во Мавзолејот на Мустафа Кемал Ататурк.
Претседателот Иванов, како што информира неговиот кабинет, во текот на денов треба да има средба со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, како и со премиерот Бинали Јилдирим и со претседателот на Големото национално собрание на Турција, Исмаил Караман.