Координативен состанок за проектна апликација за Зелениот климатски фонд

-Утврдени се заедничките потреби на институциите за обезбедување отпорност и прилагодување на човечкиот капитал кон климатските промени денеска на координативен состанок за развој на третата проектна апликација за „Програма на подготвителност“ на Зелениот климатски фонд.

На состанокот, организиран од вицепремиерката за економски прашања и национален координатор за ЗФК, Мила Царовска, учествуваа и министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, замениците министри за труд и социјална политика, Ѓонул Бајрактар, и за образование и наука Елизабета Наумовска, како и претставници на сите засегнати институции, вклучително и директорот на германското друштво за меѓународна соработка, (GIZ) Давид Оберхубер.

Во фокусот на проектот е зајакнување на националните капацитети за поддршка на отпорноста на човечкиот капитал кон климатските промени.

-Преку дискусија помеѓу присутните, на состанокот се разгледаа досега спроведените активности во соработка со државните институции за подготовка на сеопфатна апликација за Програмата за подготвеност на Зелениот климатски фонд со фокус на секторите здравство и образование, како и справување со сиромаштијата и посилна поддршка на ранливите категории на граѓани. Воедно, за секој од секторите кои се директно насочени кон развој на човечкиот капитал беа детектирани и специфични потреби со цел градење и зајакнување на капацитети на национално и локално ниво кои ќе овозможат адаптирање и митигација на климатски промени, соопшти Кабинетот на вицепремиерката за економски прашања.