Министерот за внатрешни работи на Република С. Македонија, Агим Нухиу, денеска одржа работна средба со директорот на Региналниот центар МАРРИ, Сашко Коцев.
На средбата била потврдена соработката помеѓу Министерството за внатрешни работи и Регионалната иницијатива за миграции, азил и бегалци – МАРРИ во областа на миграциите, азилот и бегалците, интегрираното гранично управување, визната политика и конзуларна соработка кои, според министерот Нухиу, претставуваат важен елементи во работата на Министерството.
Министерот Нухиу, стои во денешното соопштение од МВР, се осврнал на областа на криумчарење мигранти која е тесно поврзана со криминалната област трговија со луѓе, особено жени. Во таа насока, изразил надеж дека Министерството за внатрешни работи во соработка со МАРРИ ќе ја продлабочат соработката со примена на нови иницијативи за борба против трговијата со луѓе и криумчарење на мигранти.