Нухиу -Тимоние: МВР битна алка во градење на довербата во државните институции на патот кон ЕУ

Министерството за внатрешни работи на Република С. Македонија е битна алка во градење на довербата во државните институции на патот кон Европската унија,  истакнале денеска на средба министерот за внатрешни работи Агим Нухиу и амбасадорот на Франција во државава Кристиан Тимоние.

Како што соопшти МВР, на средбата биле потврдени пријателските односи, довербата, реализацијата на заеднички проекти и соработката во голем број области од заемен интерес.

Соговорниците разговарале и за вонредните парламентарни избори што се спроведоа во државава и активностите и превентивните мерки што Министерството за внатрешни работи во рамки на своите надлежности ги презема во справување со глобалната пандемија Ковид – 19.