С. Македонија ќе учествува во Доверителниот фонд на НАТО за справување со Ковид-19

Владата на Република С. Македонија на денешната седница ја разгледа и усвои Информацијата за контрибуција на Република С. Македонија во Доверителниот фонд на НАТО за справување со пандемијата Ковид-19.

При тоа, како што соопшти владината прес-служба, Владата го задолжи Министерството за финансии, согласно можностите, да издвои финансиски средства од Буџетот на Република С. Македонија за 2020 година, за учество во Доверителниот фонд на НАТО, како израз на посветеноста на Владата на С. Македонија да придонесе во заедничките напори на Алијансата за справување со пандемијата Ковид-19.