Вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска, шефот на дипломатијата Никола Димитров и националниот координатор за евроинтеграции Бојан Маричиќ, денеска остварија средба со амбасадорот на Делегацијата на ЕУ во Северна Македонија, Самуел Жбогар и амбасадорката на САД Кејт Брнз, на која разговараа за резултатите од изборите, заклучувајќи дека тие беа успешно спроведени и претставуваат голема потврда на европскиот и евроатлантскиот пат.
Соговорниците, како што соопшти МНР, разговарале за пост-изборниот амбиент и можните политички опции за задржување на евроинтегративниот курс.
Тие се согласиле дека императивот на наредната влада треба да биде континуитетот на тој пат, како и посветеноста на владеењето на правото, економскиот развој и понатамошните реформи.