По повод одбележувањето десет години од прогласување на независноста на Косово, државна делегација на Република Македонија што ја сочинуваа претседателот на Собранието Талат Џафери, вицепремиерите Хазби Лика и Бујар Османи и министерот за здравство Венко Филипче, синоќа присуствуваше на свечената седница во Собранието во Приштина, како и на свечен прием во организација на косовскиот претседател Хашим Тачи, соопшти владината прес-служба.
– Владата на Република Македонија им го честита јубилејот на нашите соседи и им посакува развој, просперитет и успех во градење на добрососедски односи, кои ќе придонесат кон интеграција во ЕУ на целиот регион, стои во соопштението од владината прес-служба.