Ахмети се сретна со словенечкиот амбасадор Јазбец: ДУИ е стабилен и сериозен субјект, спремен да продолжи со конструктивниот придонес

Демократската унија за интеграција (ДУИ) е стабилен и сериозен субјект, спремен да продолжи со конструктивниот придонес, истакнал лидерот на партијата Али Ахмети на средбата со словенечкиот амбасадор во Скопје Милан Јазбец.

-Ахмети подвлече дека на земјата и се потребни демократски институции произлезени од изборите од 15 јули  за истите да превземаат целосна одговорност за лошата економска ситуација и со непрекината пандемија. Причината зошто се забрзаа изборите и се одржаа сред лето беше поради итната потреба за да се состане Собранието и да се изгласа нова владата која ќе ја менаџира оваа ситуација, рекол Ахмети на средбата, се наведува во соопштението од ДУИ.

Оценката и на Ахмети и на Јазбец е дека изборите се спроведоа успешно, во демократски дух и во согласност со демократските стандарди.

Средбата, како што се оценува, се одвивала во пријателска атмосфера и соговорниците размениле мислења „за добро спроведените предвремени парламентарни избори во Северна Македонија“.