Додека Македонија бележи огромен број на новозаболени од КОВИД-19, Венко Филипче, трчајќи да ја реализира партиската агенда на Зоран Заев и СДСМ, заборави дека е министер за здравство.
На Филипче и Заев, а и на Оливер Спасовски, се покажа дека политиката и тендерите им се поважни од здравјето на граѓаните, ама и од животите на граѓаните.
Има голем број на новозаразени во деноноќие, има голем број на починати во деноноќие, Македонија води по црните статистики, како по број на заболени на милион жители, така и по број на починати на милион жители, но ова не е тема, уште помалку приоритет за Филипче, Спасовски, ама и за Заев.
Сведочиме и за случаи на дискотеки полни со народ, каде никој нема маска, дистанца пак нема воопшто, ама не е тоа важно, важно е што објектот бил во сопственост на нивни другари, на друштвото на Заев. Кога станува збор за друштвото на Заев ништо не е важно, не се ни помислува на здравјето на граѓаните.
Додека Заев и неговото друштво ги интересира личниот профит, инспекторите најавуваат кривични пријави.
Заев и СДСМ го загрозуваат здравјето и ги загрозуваат животите на граѓаните.
Ако вака се продолжи со загрозување на здравјето и животите на граѓаните, вината оди на адреса на Филипче и Спасовски, како и на нивниот партиски претседател Заев кој е занесен во лагите и сторувањето на криминал.
Неспособноста за справување со корона кризата е видлива, како никогаш досега. Неспособноста на Заев и неговите Филипче и Спасовски се плаќа со здравјето и животите на граѓаните.