Потера по Арнаутите и нивното враќање – II дел

Кога Орфеј стигнал до Хадовиот престол, се поклонил на мрачниот бог Хад и на Персефона и, пеејќи за својот копнеж по умрената Евридика, уште посилно удирал на струните на лирата. Откако со својата песна ги трогнал дури и немилосрдните Еринеи (Ерино Брдо), во чии очи заблескале солзи, неговите струни и песната станувале сè потивки и на крајот звуците замреле како едвај чујна воздишка на тагата. Насекаде завладеала длабока тишина. Таа болна тишина ја прекинал богот Хад кој го прашал дојдениот зошто се симнал во неговото царство и што сака од него. Хад се заколнал во водите на реката Стиг дека засигурно ќе му ја исполни молбата на прекрасниот пејач.

Орфеј одговорил дека не дошол да ги гледа ужасите на царството, ниту, како неговиот другар Херакле да го одведе тврдоглавиот Кербер, туку да го моли господарот на Подземниот свет да му ја врати саканата Евридика, за да може и таа да ги осети радостите на животот кои ù биле ускратени бидејќи многу млада се симнала во овој свет. Владетелите на Подземјниот свет ја прифатиле неговата молба да му ја вратат Евридика, но му забраниле да ја погледне сè додека не излезат на светлината на денот. Орфеј се согласил со погодбата и, зад Хермес, кој му ја довел неговата жена, тргнал кон излезот од Подземјето. Евридикината сенка била зад Орфеј и тие заедно преминале низ темниот премин.

Измачуван од сомнеж и од желба да ја прегрне и бакне својата сакана, заборавил на Хадовиот услов дека во текот на патувањето во подземниот свет не смее ниту еднаш да се сврти назад, но тој токму тоа и го направил. Истиот миг и по втор пат ја изгубил љубената сопруга и тоа засекогаш. Орфеј останал како скаменет, како мермерна статуа и бил обеземен од очај, бидејќи знаел дека сам е крив за својата загуба. Се обидел да се врати во царството на мртвите и повторно да го моли богот Хад за сомилост, но, овој пат, вратите на Подземниот свет останале затворени.

2.4.3

Орфеј

Тажниот Орфеј 7 дена и 7 ноќи седел на бреговите на Стига и ронел горчливи солзи. Заборавил и на јадење и на сите радости на овој свет, се жалел на боговите на мрачното царство и на мртвите души. Од тогаш го презрел својот учител, богот Дионис, кој го прославил и го направил голем, и почнал да ги советува луѓето да го почитуваат хиперборејскиот бог на Сонцето, Аполон-Хелиј, како најголемо божество. Му дошла идеја да создаде доктрина која подоцна ја прифатиле орфичарите – доктрината за божествена природа на човечката душа и за првобитниот грев.

Според неговата замисла, душата поради првобитниот грев скита, но со ексатаза, аскетизам и иницијација се чисти и враќа на небото, па со самото тоа не оди во царството кај Хад. Дури на осмиот ден Орфеј, откако ја смислил својата нова доктрина, решил да го напушти брегот на реката Стига и да се врати на бродот „Арго“.

Јасон и Аргонаутите се загрижиле поради неговото долго отсуство и кога Орфеј се вратил на бродот сите со големо внимание ги слушале неговите доживувања во царството на Хад и несреќниот исход од неговата посета. Откако принеле жртва на Зевс и приредиле богата гозба, Аргонаутите ја продолжиле пловидбата спротивно на течението на Дунав, додека не стигнале на „светото острово на Електра, на дофат на реката Еридана“2. Електра во митологијата е Океанова и Тетијина ќерка, Таумантова сопруга и мајка на брзоногите божици Ериди. Бидејќи била Таумантова сопруга, а на Дунав помеѓу Белград и Панчево постои Ада Форко-Тумац, чие име е поврзано со народното сеќавање на овие настани, можеме да претпоставиме дека поетот оваа ада по грешка ја протолкувал како Електрино, наместо како Тауматнтово (Тумац) острово.

2  Apolonius, Rhodius, Argonautica,  ex rec, IV, 503-506, R. Fr. Brunckii, I-II Lipsiae, 1810-1813

Аргонаутите биле жедни, а на Арго се истрошиле резервите вода, а бидејќи ниту на адата Форко-Тумац немало извори, Електра ги советувала да одат до блиската градина на Хесперидите. Тука Хесперидите, на Орфеева молба, на уморните и жедни Аргонаути им ги покажале изворите кои Херакле ги отворил со еден удар со нозете кога, по барање на Евристиј, ги земал златните јаболки на Хера.3 Херакле им кажал на Аргонаутите како го надмудрил Атлант наместо него да ги бере златните јаболки од дрвото на животот и дека поради тоа Зевс го казнил така шо го скаменил и го претворил во планината Ангур (Авала) и му доверил задача да го држи небото над главата и да го придржува со рацете.

3  Apolonius, Rhodius, Argonautica,  ex rec, IV, 13-96, R. Fr. Brunckii, I-II Lipsiae, 1810-1813

Одморените Аргонаути ја продолжиле својата пловидба „… а тогаш и преку гората Ангур преминаа и преку Каулијачка карпа, оддалечена од гората Ангур, и токму тука и Истрос го дели текот на реката Ериданум…“4 Јунаците ги препознале карпите на устието на Сава (Еридана) во Дунав (Истриос), на кои и денес се наоѓа белградската тврдина и виделе дека тука Дунав се „цепи“ и прави голема ада на богот Ареј (Воено острово). Аргонаутите не свратиле кај Ареј, бидејќи тој, во два наврати, се судрил со Херакле кога Херакле се борел со Аријевиот син Кикно во Македонја и во текот на борбите со Хипербореецот Нелеј, кралот на Пил на Пелопонез.

1      Apolonius, Rhodius, Argonautica,  ex rec, IV, 323-506, R. Fr. Brunckii, I-II Lipsiae, 1810-1813.

2.4.4 

По течението на Еридан (Сава) до Енет на Јадранот

Реката Еридан во античката литература предизвикувала голема забуна. Првиот проблем претставува апострофот што овој збор го има врз буквата η. Остриот грчки ’хак’ во латинската верзија пред почетна самогласка се изговара како ’х’, на пр. како кај Хера или Хестија (божица на огнот). Во оргиналниот јонски дијалект кој потекнува од Еољаните, кои по потекло се од Подунавјето, остриот ’хак’ не се изговара, а тоа правило важи и во современиот грчки јазик. Исто важи и за буквата η (ета), која во грчкиот оригинал се изговара како ’и’ (ита).

Значи, хидронимот на Сава не би бил Ериданос, туку Ириданос, т.е. персонификација на Ира (Хера) и Дан-ос (од Dios-Danubios). Друг проблем претставува фактот што реката Еридан е постоветувана со многу реки во Европа, со Пад во Италија, Ебра во Шпанија, како и со Рона и Рајна во Франција, а целта на ова поистоветување била враќањето на Аргонаутите да се поврза со Јадран или Западен Медитеран.

Хесиод4 изнесува дека митската река Еридан (Сава) е пород на Океан и Тетија, т.е. Панонското Море (Тетија) и Дунав (Океан). На бреговите на Еридан живеат нимфри, Зевсови (Дунав) и Темидини (Тамиш) ќерки кои на Херакле, кога бил во Хилеја (Шумадија) кај Ехидна, кралица на Скитите, му покажале каде се наоѓа богот Нереј (реката Нера). Во митологијата, реката Еридан го прифатила Фаетон (пламен, оган) кога Зевс со молња го стрмоглавил од небото. Фаетон е несреќен син на богот Хелиј (Сонце) кој во една прилика, во желбата да му се спротивстави, го замолил Хелиј да му дозволи еден ден да управува со сончевата двоколка која патува по небото.

4 Hesiodus, Fragmenta & Theogonia, p. 338

Бидејќи не бил искусен во управување на двоколката, не умеел да ги насочи сончевите коњи кон вообичаената патека. Премногу се приближил до планетата Земја и со својот оган сè живо спалил до темел. За да го спаси и обнови животот на Земјата, Зевс го прострелал со молња и тој како сјајна опашеста ѕвезда прелетал пеку небото и се стрмоглавил во реката Еридан.

Продолжува

 1Dshko  1Kat

Пишуваат: АКАДЕМИК А. ШКОКЉЕВ-ДОНЧО И СЛАВЕ КАТИН