“За подготвувањето на монографијата за Ѓорѓија Џорџ Атанасоски беше потребно подолго време, знаење, труд, трпение, прегледување на многу објавени и необјавени материјали, разговори со голем број личности кои живеат во Македонија, во САД и на други места, а кои придонесоа авторот Славе Катин да го подготви делото.”
Оваа значајна и по многу нешта уникатна монографија со наслов „Ѓорѓија Џорџ Атанасоски”, а со две изданија на470 и 500 страници, доживеа големи и спектакуларни промоции во 2012 и 2015 година.Таа е едно од луксузните изданија на книгоиздателството „Македонска искра”, на „Македонско сонце“ и ТВ „Сонце“, Скопје, на македонски и на англиски јазик.
Публикацијата „Ѓорѓија Џорџ Атанасоски”, е едно од најзначајните изданија на реномираната издавачка куќа „Македонска искра“ од Скопје, чиј главен и одговорен уредник е авторот на овие редови, Славе Катин. Ова моногравско дело е посветенo на доблесниот Македонец, истакнат хуманист, голем донатор, докажан бизнисмен, духовен-посветеник и горд припадник на својот библиски род и македонската земја, господинот Ѓорѓија Џорџ Атанасоски.
При оваа прилика, во две продолженија ќе го споделиме разговорот на Елизабета Димитровска, објавен во списанието „Македонско сонце“, од 30.12.2005 година, за што е посветено посебно внимание и место во монографијата „Ѓорѓија – Џорџ Атанасоски“. Во продолжение го објавуваме делот во кој е запишано следното:
Господине Атанасоски, зад Вас е уште една работна година во која Вие амбициозно и под- еднакво работевте на сите полиња (економија – политика – македонска кауза). Дали сте за- доволен од Вашиот завршен биланс?
АТАНАСОСКИ: Во некои полиња од мојот живот задоволен сум од постигнатите резултати, а на некои други полиња, со кои требаше да тргнеме кон подобра иднина, не се постигнати оние успеси кои ги планиравме, но секако ќе се трудиме во иднина, во претстојната година тие работи да ги оствариме.
Да почнеме по ред. Во центарот на збиднувањата оваа година за Вас, а се разбира, и за нас Македонците беше одликувањето кое Белата куќа Ви го додели како заслужен граѓанин од странско потекло. Вие тоа го примивте мошне скромно, но за Македонија е од големо значење затоа што имаме успешен човек кој таму нè претставува.
АТАНАСОСКИ: Јас како Македонец многу сум горд што ми беше доделено едно такво признание, еден таков медал. Тоа не е гордост само за Ѓорѓија Атанасоски, туку тоа е гордост за сите Македонци, независно каде живеат во светот. И во иднина ќе се трудиме и други Македонци да бидат присутни во таа организација, која доделува вакви награди. Колку што повеќе Македонци се присутни во оваа организација, толку ќе можеме сè повеќе да вршиме голема мисија и да даваме придонес за Македонија.
Лично јас, како и моите соработници, работиме за македонската кауза. Одвреме-навреме, кога мислиме дека е потребно, имаме контакти со угледни луѓе од Белата куќа и од други важни ин- ституции, особено кога се работи за витални прашања за Македонија. Ние не сакаме нив секојдневно да ги контактираме доколку за тоа нема одредена причина, и не одиме кај нив само за да се видиме. Овие контакти ги одржуваме и во иднина ќе ги одржуваме, сè во корист на Македонија, на маке- донската нација и на Македонците кои живеат во Соединетите Американски Држави.
Нивното расположение за успешна соработка со Македонија се докажа по изборот на претседателот Џорџ Буш. Веднаш по првиот ден откако настапи вториот круг за претседател на САД, на дневен ред беше Македонија, која беше призната под уставното име. Мислам дека тоа е голем чекор и голем чин и ние секогаш треба да им бидеме благодарни на Соединетите Американски Држави, пред сè, на претседателот Џорџ Буш.
Можам да кажам дека живеам во САД и дека сум член на Ре- публиканската партија и повремено се вклучувам во нивните економски рекламни кампањи. Имам добиено и награда како советник на Републиканската партија што, исто така, е големо дело, кое во весникот “Њујорк тајмс” беше објавено на една страница. Луѓе од разни држави од Соединетите Американски Држави, Флорида, Тексас и други, ставени се на листата и одвреме- навреме ним им се испраќаат прашалници кои ги содржат клучните прашања за инвестиции и економски развој и сè што е пот- ребно во кроењето на политиката на САД.
Вашиот бизнис во Америка и натаму е во нагорна линија. Мајкрофлекс е бренд кој во САД котира мошне високо, што е уште една потврда за Вашата успешност на планот на економијата.
АТАНАСОСКИ: Нашата компанија Мајкрофлекс, која се наоѓа во Ормонд Бич, Флорида, и годинава беше многу успешна. Сите зацртани цели ги постигнавме, па дури и ги надминавме. Се надевам дека идната година ќе бидеме на уште подобар пат и ќе постигнеме повеќе резултати, ќе вметнеме нови дејности, така што компанијата ќе биде уште побогата и поголема. Во иднина планираме да изградиме и објекти во кои ќе ги сместиме новите производства, со што ќе бидеме поконкурентни на пазарот во САД, па и пошироко во светот.
Храбро и оптимистички вложивте големи инвестиции и во Македонија. И покрај тоа што се соочивте со низа про- блеми, сепак покажавте како треба да се расчистат ра- ботите, што може да биде и добар пример за компетент- ните институции во Македонија.
АТАНАСОСКИ: Во овој бизнис секој човек може да се соочи со проблеми. Јас со вакви проблеми се соочив во Прилеп каде што имам инвестиции, тоа се странски инвестиции (пари кои се донесени од мојот бизнис во САД) и, да напомнам, тоа е сума од 4 до 5 милиони долари. Хотелот “Сонце”, бензинска пумпа, базен, тениски игралишта и фитнес центар, е еден од комплексите кои ги имам. Имам голем дел од хотелот “Липа”, кој е во центарот, витален објект кој ќе се реновира, тоа ќе биде прекрасен објект, со кој сите во Прилеп и пошироко во Македонија ќе можат да се гордеат. Минатата година решив да инвестирам и во други објекти, го купив и “Жито Прилеп”. Тоа е, исто така, витална компанија за градот Прилеп и пошироко.
Иако се соочив со многу проблеми, од кои на прво место би ја ставил корупцијата, како и проблемите произлезени од некои “законски регулативи”, сепак не се откажувам. Сигурно со ова ќе се согласат и многу други стопанственици, со кои во иднина, се надевам, ќе се потрудиме да ги надминеме овие проблеми и верувам дека и другите инвеститори како мене ќе влезат со свои странски инвестиции. И покрај сите проблеми на кои наидов, јас никогаш нема да се откажам од моите идеали, затоа што човек кој се откажува не може да успее. Ќе напомнам, за оние луѓе кои ќе сакаат да инвестираат во Македонија, поради сите проблеми кои тука се случуваат, многу тешко ќе можат да просперираат, затоа што доколку немаат врски нема да можат да останат во бизнисот, што воопшто не е добро за инвестирањето во Македонија. Би требало сите услуги да бидат пристапни за сите граѓани, за сите бизнисмени, без разлика од какво потекло се. Ако ние тоа го направиме, мислам дека во иднина многу поедноставно би дошле инвестициите. Затоа сакам да ги повикам политичарите и сите компетентни, овие проблеми да се решат и да се преземат соодветни мерки за промена на законите, за што пократко време да й се спротивстават на корупцијата која владее во Македонија.
Во неколку наврати й понудивте на државава да потро- шите 5 години од Вашето скапо време за да ја водите напред и да й покажете како треба една држава да функ- ционира. И покрај тоа што не станавте официјален лидер, сепак сте видени насекаде кога се работи за судбината на Македонија.
АТАНАСОСКИ: Секогаш кога се работи за Македонија јас активно учествувам во сите преговори, особено кога се работи за витални прашања за нашата држава, а особено кога преговорите се водат со Соединетите Американски Држави. Не толку транспарентно, но максимално позитивно учествувам во сите прего- вори за нашава земја, пред сè, воден од сопствениот македонски национален идентитет. Во иднина не треба да се плашиме од вистината. Ние сме Македонци, директни потомци на Александар Македонски и не смееме да отстапиме од нашата историја, од нашата култура која ја имаме низ вековите, ѝ изјавил на Елизабета Димитровска бизнисменот Ѓорѓија – Џорџ Атанасоски.
Продолжува
Пишува: СЛАВЕ КАТИН