Симулација на безбедно гласање со примена на сите здравствени мерки и препораки во пресрет на изборите на 15 јули

Државната изборна комисија (ДИК) денеска на избирачко место во средното училиште „Јосип Броз Тито“ ќе спроведе симулација на безбедно гласање со примена на сите мерки и здравствени препораки. Во симулацијата, која се одржува во пресрет на предвремените парламентарни избори на 15 јули, ќе биде опфатен целиот избирачки процес во реални услови.

-Почнувајќи од доаѓањето на граѓаните на избирачкото место, чекањето, влегувањето, дезинфекцијата, идентификација, се што е по закон, со посебно напоменување на сите здравствени мерки кои треба да ги почитуваат граѓаните, но и самите изборни органи и домашните и странскирте набљудувачи, најави вчра на седница Борис Кондарко, член на ДИК.

На настанот се поканети медиумите, домашни и странски меѓународни мисии, меѓу кои и мисијата на ОБСЕ/ОДИХР, претставниции на Министерството за здравство, како и претставници на амбасадите. Поканети се и учесниците на изборите односно политичките партии.