Заев за прочистување на правосудството, Мицкоски за ветинг на политичарите

Поучени од процесот за ветинг во Албанија, досегашното мнозинство во Парламентот на Република Северна Македонија, предводено од СДСМ, не го започнало процесот за ветинг во правосудниот систем во државата. Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, во вечерашната дебата со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски, на МРТ, изјави дека Европската Комисијата е таа кој ја замолила владата и другите институции во државата да не се спроведе ветинг, од причина дека ветингот и распуштењето на правосудството предизвикуваат проблем.

– Во Албанија не може да ги пополнат испразнетите места, но поединечна одговорност треба да има. Затоа распуштањето и ветингот не се спроведе во државата. Но, прочиствувањето што е различен процес од ветингот или распуштањето, е процес каде што секој судија кој што застарел предмет ќе биде разрешен, каде ќе се провери комплетната имотна состојба на судиите, обвинителите и адвокатите поврзани во мрежи со нив, и на нивните семејства за да биде на чисто работата во државата кој е чесен судија, а кој се нечесни судии и обвинители кои стекнале имот или пари на нелегален и незаконски начин. Ќе направиме комплетна контрола на пет отсто, по случаен примерок на сето тоа што во последните пет години го работеле судиите и обвинителите, за преку овој начин да се докаже кој се тие што треба да се прочистат од правосудството, изјави Заев.

Тој воедно наведе дека од владата се очекуваше да ги подготви законите во правосудството заедно со Веницијанската комисија и заедно со ЕУ тие успеале да напрват европски закони.

– За еден најзначен дел се боревме сами за да обезбедиме две третини од гласовите, како оваа да е само наша држава, а не и на опозицијата. Видовме зошто таа ги опструирала ваквите законски решенија, како што е Законот за јавно обвинителство. Парламентот и по сите опструкции на опозицијата ги донесе сите закони за Јавното обвинителство. На 30 јуни стапи во сила Законот на ЈО и сите други закони од правосудството се на сила. Праксата во правосудството сега зависи од судиите и обвинителите. Нема да застанеме додека не направиме комплетно транспарентно, ефикасен процес каде ќе одговарат судии и обвинители кој што нанесуваат штета на граѓаните и државата. Само на тој начин ќе имаме комплетно владени на правото. Докажавме досега дека можеме да воспоставиме ред, правда и дисцилплина во нашата земја, рече Заев.

Зборувајќи за ветингот и проблемите во правосудството претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, наведе дека тие како партија се залагаат за ветинг на политичарите.

– Ние предлагаме ветинг на политичарите, да го видиме потеклото на имот. Го охрабрувам Зоран Заев, да го подржи тоа што го предлага ВМРО-ДПМНЕ, за ветинг на политичарите и секој оној кој што се занимавал со било каква политичка функција да го докаже и покаже својот имот и имотот на своето поблиско и подалечно семејство, рече Мицкоски.