Денес градоначалникот Петре Шилегов на седницата за советнички прашања треба да одговори на неколку крупни прашања кои ги интересираат Скопјани:
- Зошто и понатаму Скопје останува најзагадениот град во Светот. Велеа дека имаат стратегија, а во реалноста ниту стратегија има, ниту пак мерки од кој полза ќе имаат граѓаните.
- Зошто наместо пари за нови клупи, рекреативни содржини, поважно за градоначалникот е мерење и спроведување на рејтинг анализи од речиси еден милион денари. Дали овие анализи ќе ги прави компанија блиска до СДСМ?
- Поминаа 100 дена, но до каде е изградбата на Универзалната сала, нема ништо од овој толку ветуван проект. Постојниот проект и изградба е закочен.
- Нема ништо ниту од проектот овошје за секое дете во училиштата
- Нема ниту еден проект за решавање на сообраќајниот хаос во градот Скопје.
- Предвидува дислоцирање на Галиите, зафат во износ од 5 милиони евра, пари што наместо за рушење треба да се насочат за изградба на училишта, улици, паркови.
- Гасификацијата на Скопје е закочена.
- Зошто наместо проекти, главна цел се како да се вдомат партиските кадри. За 100 дена Шилегов ги партизира јавните претпријатија и културните институции со 138 партиски војници во управни и надзорни одбори вклучувајќи го и целиот негов кабинет. Колку месечно пари се одлеваат за оваа намена.
Сето ова и многу повеќе Петре Шилегов го прави еден од најнеуспешните градоначалници на градот Скопје. Неговиот досегашен мандат, е мандат на изневерени очекувања, и без проекти и работа.