Со полагање цвеќе пред споменикот „Македонија“, подигнат во чест на трагично загинатиот претседател Борис Трајковски, денес беше одбележана 64 годишнината од неговото раѓање.
Цвеќе положија градоначалникот на Струмица Коста Јаневски заедно со претставници на Советот на општината, членови на семејството Трајковски, граѓани, политички партии и здруженија.
Вториот претседател на Република Македонија, Борис Трајковски, е роден на 25 јуни 1956 во селото Моноспитово. Тој е близнак со брат му Александар и е трето дете во семејството.
Од тројцата браќа Трајковски повеќе никој не жив. Најстариот Мојсеј почина во април годинава.