Турскиот културен центар „Јунус Емре“ од 20 часот во Македонската академија на науките и уметностите организира „Вечер посветена на еминентни личности во Македонија“ – поети, писатели, уметници, научници, академци.
Програмата ќе биде во чест на Луан Старова, Ферид Мухиќ, Влада Урошевиќ и Лидија Кумбараџи Богојевиќ, кои ќе имаат и обраќања.
Според најавата на организаторот, настанот со поздравни обраќања ќе го отворат директорот на „Јунус Емре“ Шемсеттин Шекер, претседателот на МАНУ, академик Таки Фити, и министерот за култура Роберт Алаѓозовски.
– Модератор на програмата ќе биде проф. д-р Александар Прокопиев, кој ќе ја води средбата и разговорот со почесните гости, соопшти Институтот „Јунус Емре“.