Заев: 15 јули договорен датум за избори

Парламентарните избори ќе се одржат на 15 јули. За овој датум, како што објави, лидерот на СДСМ Зоран Заев, е постигнат договор меѓу него и лидерот на опозоциската Христијан Мицкоски, од кого очекува јавно да го потврди тоа.

– Ние преземаме чекор веднаш да заврши оваа игра на нерви за да не страда народот. СДСМ ја покажува својата големина разбирање и одговорност. За не страда народот,  го заклучуваме 15 јули како конечен последен датум за избори, изјави Заев.

На прес-конференцијата рече дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христојан Мицкоски се согласил на 15 јули да има избори. Два дена претходно ќе гласаат болните и изнемоштените, меѓу кои и лицата со коронавирус.

Од претседателот на државата Стево Пендаровски ќе биде побарана нова вонредна состојба амо за изборите.

-Натаму граѓаните ќе кажат кој ќе се справува со Ковид на есен, изјави Заев.

Изборите ќе бидат на 15 јули, среда неработен ден, а молкот ќе почне на 12 јули на полноќ.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *