Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев денеска оствари работен состанок со началниците на секторите за внатрешни работи.
Полициските службеници изминатиот период преземајќи широк спектар активности имале важна улога во справување со пандемијата од Ковид – 19, истакнал министерот Чулев и додал дека тие покажале исклучително високо ниво на одговорност и професионалност.
– Но, нашата работа не застанува тука, ние и понатаму имаме одговорност да се грижиме за здравјето, животот и безбедноста на граѓаните, потенцирал Чулев на состанокот, соопштија од МВР.
Според министерот Чулев, изминатиот период полицијата покажала дека е блиска со граѓаните, се грижи за нивната безбедност и здравје и таквиот пристап, нагласил, треба да продолжи и во иднина.
Во таа насока, Чулев потенцирал дека секторите за внатрешни работи преку своите организациски единици и во иднина треба да ги преземаат соодветните мерки во насока на контрола и одлуките на Владата кои се насочени кон превенција од коронавирусот и понатаму неселективно да постапуваат во спроведување на законите и соодветно санцкионирање на нивните прекршители.
– Со таквиот начин на работа ќе ја потврдат стратешката определба на Министерството за внатрешни работи, за законитост, неселективност и транспаретноста во работењето, стои во соопштението од МВР.
Како министер за внатрешни работи Чулев и понатаму останува на ставот дека законите треба да се спроведуваат во целост и оти полициските службеници треба професионално и одговорно да постапуваат при извршување на своите работни задачи.
– Убеден сум и понатаму ќе инсиситирам тие да ја добијат наградата која за заслужуваат со одговорносто извршување на работните задачи, заклучил министерот за внатрешни работи Наќе Чулев.