Охридскиот регион нема да го загуби статусот на светско наследство на УНЕСКО

Опасноста Охридскиот регион да го загуби статусот на светско наследство на УНЕСКО е отстранета по преземените мерки и активности кои се наведени во Извештајот за напредокот  во спроведувањето на препораките од Комитетот за светско наследство.

Извештајот, како што соопшти владината прес-служба, е усвеон на денешната седница.

Министерството за култура, преку Национална комисија за УНЕСКО, е задолжено во рок од 10 дена да го достави извештајот до Центарот за светско наследство на УНЕСКО.