Делегација од кабинетот на претседателот положи цвеќе пред споменикот на Кирил и Методиј во Скопје

Делегација од кабинетот на Претседателот на Република С. Македонија во пресрет на 24 Мај – Денот на сесловенските просветители денеска положи цвеќе пред споменикот на светите браќа Кирил и Методиј во универзитетскиот кампус „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје. 

Во состав на делегацијата беа генералниот секретар Миле Бошњаковски, заменик генералниот секретар и портпарол Билјана Радева и советникот за надворешна и внатрешна политика Александар Љ. Спасов.

Поради пандемијата на КОВИД-19, годинава посетата на Рим и Ватикан и чествувањето на Св. Кирил и Методиј е поместено за во втората половина на 2020 година.