Нови 40 случаи со КОВИД-19, почина пациент од Прилеп, излекувани 11 пациенти

Министерството за здравство соопшти дека во изминатите 24 часа се регистрирани 40 нови случаи со КОВИД-19, починал пациент од Прилеп лекуван на Клиниката за инфективни болести и фебрилни во Скопје од 12 мај, а излекувани се 11 пациенти: во Скопје двајца, во Штип еден, во Прилеп четири, во Велес два и во Кочани два.

Во изминатите 24 часа се направени и 549 тестирања.

Од новорегистрираните 40 случаи со КОВИД-19, 26 се во Скопје, по еден во Куманово, Прилеп, Велес и Битола, како и десет во Тетово.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1.898, бројката на оздравени пациенти е 1.378, на починати е 111, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 409. Последната дистрибуција по градови е:
•       Скопје – 673, активни 169
•       Куманово – 419, активни 23
•       Дебар – 51, активни 0
•       Штип-38, активни 3
•       Прилеп –204, активни 55
•       Тетово – 161, активни 73
•       Струга – 71, активни 5
•       Велес – 127, активни 52
•       Битола –28, активни 9
•       Охрид –21, активни 6
•       Кавадарци – 5, активни 0
•       Гостивар –21, активни 4
•       Гевгелија – 4, активни 0
•       Струмица – 3, активни 1
•       Крива Паланка- 6, активни 1
•       Радовиш – 4, активни 0
•       Крушево – 3, активни 0
•       Кочани – 31, активни 1
•       Пробиштип – 2, активни 0
•       Кичево – 2, активни 0
•       Неготино -9, активни 2 (7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
•       Демир Хисар – 1, активни 0
•       Македонски Брод – 2, активни 0
•       Пехчево- 3, активни 1
•       Делчево-1, активни 0
•       Валандово -1, активни 0
•       Виница – 3, активни 1
•       Кратово-2, активни 1
•       Берово-1, активни 1
•       Свети Николе-1, активни 1

Направените 549 теста се преку: ИЈЗ –302, Ветеринарен ф-тет -25, Авицена –24, Биотек -36, Филип Втори (Жан Митрев) –42, Систина со PCR метода  -26 и МАНУ -94.  Досега во земјата се направени вкупно 23316 тестирања на ковид -19.

Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 209 теста се во рамките на скринингот. Денеска е потврден 1 позитивен случај-вработен во градинка во Скопје.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во изминативе 24 часа примени се 7 нови пациенти, хоспитализирани се вкупно 49 пациенти. На кислородна поддршка се 19, на механичка вентилација се 2 пациенти.
Во ГОБ „8 септември“ примени се 12 нови, а вкупно хоспитализирани 25 пациенти. На респиратор се 3, a со потешка клиничка слика се уште 2 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 7, на домашно лекување се следат уште 3 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани 5 пациенти, нема пациенти кои се следат на домашно лекување. На ифективните одделенија во Тетово, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани  45 пациенти, позитивни и сомнителни на ковид-19.