Ангеловска: При креирањето на мерките Владата мислеше на сите, кризата е можност и за структурни промени

Министерката за финансии Нина Ангеловска која денска на прес-конференција заедно со министерот за економија Крешник Бектеши подетално го објасни вториот столб од третит пакет мерки донесен минатата недела, рече дека при креирањето на поддршката Владата мислела на сите. Коронакризата, пак, напомена Ангеловска, освен што носи проблеми и ризици, отвора и можности за структурни промени, за создавање нов, подобар систем на функционирање.

Министерката напомена дека реализацијата на мерките како што се конципирани и креирани, говори и за долгорочната визија кон безготовинско општество, кон дигитализација, кон трансформација, кон современа и развојна македонска економија која по оваа криза ќе биде поконкурентна и посилна.

-Пред неколку дена го претставивме третиот сет економски мерки за ревитализација на економијата кои имаат за цел да го амортизираат ударот врз економијата. Сите мерки се креирани со јасно поставени цели и очекувани ефекти кои треба да ги дадат, како на краток така и на среден рок. При креирањето на мерките владата мислеше на сите – и на невработените, и на вработените со ниски примања, и на социјално ранливите категории, и на младите и на оние кои се најизложени во борбата – здравствените работници, и на приватниот сектор, погодените сектори, и на домашните компании, на македонскиот туристички сектор, на малите компании, на стартапите, на големите компании, на индустријата, на ИТ секторот на земјоделство кое има неискоирстен потенцијал, истакна Ангеловска.

Ориентацијата на Владата, нагласи, покрај решавањето на проблемите е и пребродувањето на последиците кои ги донесе корона кризата.

-Да посегнеме и да ги искористиме можностите што се отвораат пред нас за понатаму да функционираме подобро како општество, како економија, како луѓе. Зборувам за менување на навиките и користење на домашни производи и услуги… Зборувам за намалување на сивата економија преку создавање навики за безготовинско плаќање… за создавање платформи кои понатаму ќе функционираат и ќе обезбедат нови пазари за нашите фирми, рече министерката.

Таа потсети дека вториот столб мерки е насочен кон заштита на ликвидноста и работните места на краток рок, но и на поддршка за развој и зголемување на конкурентноста на компаниите во пост-корона периодот. Мерките поддржуваат инвестиции, полесен пристап до капитал, наоѓање нови пазари, извозна-ориентираност, дигитализација, модернизација, нови производи, како и вклучување таргетирани категории како жени претприемачи и млади лица.

-Првата мерка од овој столб, се однесува на бескаматни кредити за фирми преку Развојната банка на С. Македонија, во вредност од 31 милион евра. Оваа бескаматна кредитна линија во вредност од 31 милион евра ќе биде достапна за сите микро и мали фирми, а истата ќе понуди и 30 отсто грант (неповратни средства) обезбедени преку Европската унија, за оние компании што се водени или основани од жени или вработуваат млади лица, се извозно ориентирани или воведуваат иновација и дигитализација во нивното работење. Втората мерка се однесува на развивање државна гарантна шема за комерцијални кредити преку Развојната банка. Ова е алатка што за компаниите ќе овозможи полесен пристап до капитал, за ликвидносни потреби, за инвестциии за зголемување на конкуренстност и истата се користи ширум светот токму за recovery периодот. Септември. Ќе се работи на анализа, воспоставување, со поддшрка од меѓународните фин институции, рече Ангеловска.

Со нови 25 милиони евра за приватниот сектор, додаде, ќе се поддржaт компании за пласман на нови пазари, конкурентност и модернизација. Согласно законот за финансиска поддршка со 25 милиони евра преку Програмата за зајакнување на конкурентноста на индустријата им се помага на компаниите за освојување нови пазари, зголемување на нивната конкурентност како и модернизација на процесите.

-На програмата во Влада има 150 милиони евра. Со ребалансот беа додадени 50 милиони евра. Од оваа Програма се финансира и мерката за поддршка за плати – преку која над 18.000 фирми и над 120.000 работници беа исплатени 1,7 милијард денари. Од оваа Програма ќе се финаннсира и платежната картичка за поддрршка на потрошувачката со фокус кон дома, кон домашното. За платежната картичка за сите таргет групи се наменети 25 милиони евра. На оваа програма со додадените 50 милиони евра има бафер за да се димензионираат мерки согласно потребите на стопанството – затоа и е предвидено реализацијата на оваа програма да се случува од јуни до декември – да се развиваат програми и мерки согласно случувањата и потребите на приватниот сектор а во соработка со стопанските комори, подвлече министерката.

За Програмата за развој на бизнис услуги се предвидени 1,6 милиони евра, а преку ФИТР за компании кои брзо се прилагодуваат се проектирани 3,3 милиони евра.

Посебна мерка е кофинансисрањето настани и конференции со 50 отсто финансиска поддршка од државата до максимален износ од 30.000 денари. на овој сегмент се осврна и министерот Бектеши, нагласувајќи дека целта е да им се помогне на домашните хотели и капацитети. Компанијата барател на поддршка ќе треба да ја реализира исплатата кон хотелот или капацитетот за организација на настани во рок од 60 дена. На овој начин ќе се поддржи ликвидноста на овие компании.

Дообразложувајќи ги мерките од вториот столб, Бектеши конкретно се осврна на поддршката во угоститлеството и туризмот како сектори што беа први на удар од коронавирусот. Тој, како и министерката Ангеловска, најавија дека до септември треба да профункционира дигиталната платформа што на домашните компании од индустријата треба да им овозможи отворање нови пазари. Уште утре е закажана првата средба во Министерството за финансии со претставници од текстилната и чевларската индустрија, како и од коморите, на која ќе стане збор за развојот на платформата.

-Трите пакети економски мерки беа донесени навремено и брзо. Реагиравме веднаш за да им помогнеме на компаниите и граѓаните, за да го зачуваме секое работно место. Минатата недела го усвоивме третиот пакет со кој, преку директна поддршка ќе ја рестартираме економијата. Мерките ги опфаќаат и граѓаните и стопанството, претставуваат можност за структурни промени на економијата. Првиот и вториот пакет опфаќаа 200 – 250 милиони евра, а третиот 355 милиони евра за 730.000 корисници. Вкупниот влог е 550 милиони ерва или 5 – 5,5 од БДП. Апелирам граѓаните да ги користат мерките што ги нуди Владата со цел да се заштити домашното производство, заеднички да ги помогнеме туризмот и угостителството, производните  капацитети и компаниите кои се најпогодени. Кризата заеднички да ја направиме нова можност за сите нас, потенцира Бектеши.