Бочварски: Наскоро почнува адаптирањето на штипската Филтер станица за прием на вода од ХС „Злетовица“

Наскоро почнува адаптирањето на штипската Филтер станица за прием на вода од ХС „Злетовица“. Штипската Филтер станица ќе ја реконструира фирмата „Искра“. Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски појаснува дека оваа фирма, која е избрана по тендерската постапка на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе има за задача да ја адаптира штипската филтер станица да прима вода од Хидросистемот „Злетовица“.

– Проектот е над пет милиони евра инвестиција, со што Штип ќе го обезбедиме за навек со водоснабдување. На почетокот очекувам делумно да преземеме вода од ХС „Злетовица“, а делумно од нашиот бунарски систем, за потоа целосно се префрлиме кон преземање на вода од ХС „Злетовица“, вели Бочварски.

Новата реконструкција и адаптација на Филтер станицата ќе овозможи на Штип да преработува 300 литри во секунда.

-Можам да кажам дека во изминатите две години инвестициите се позиционираат таму, каде што е потребно и таму каде што им е местото, а тоа е да обезбедиме вода за овој град, којшто од година на година расте, во дел на развојот на бизнисот и во дел на развивање преку универзитетскиот центар, вели Бочварски.

Општина Штип во текот на оваа недела ќе го издаде и второто одобрение, со што, какошто вели Бочварски, може и фирмата која е избрана да почне со реконструкцијата. Смета дека ова е исто така еден од капиталните проекти за градот Штип, со што се овозможува стабилно и нормално водоснабдување за наредните сто години.

Новиот објект, но и опремата во која се вклучува и супер филтрација е проценет на околу пет милиони евра. Нова филтер станица ќе се гради и во Општина Карбинци, каде што веќе е избрана фирма, која треба да почне со градежните работи, за да може оваа општина да прима вода за пиење од ХС „Злетовица“.

 

One thought on “Бочварски: Наскоро почнува адаптирањето на штипската Филтер станица за прием на вода од ХС „Злетовица“

  1. This article is fantastic! The insights provided are very valuable. For those interested in exploring more, check out this link: LEARN MORE. Looking forward to the discussion!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *