Касами: Датум за избори да се одреди по завршувањето на вонредната состојба

Лидерот на Движењето Беса Билал Касами денеска по лидерската средба изрази жалење за тоа што не беше постигнат договор за нов термин за избори. Тој истакна дека тие како Движење Беса сметаат оти датумот за избори треба да се одреди по завршувањето на вонредната состојба.

-Според експертите, ситуацијата со корона ќе продолжи и натаму до откривање на вакцината и ние ќе треба да се усогласиме за еден термин за избори кој ќе биде по завршување на вонредната состојба. Изборите ги одложивме со политичка одлука и сега течат роковите од претходните рокови бидејќи не се усогласивме околу новите избори и сега Владата и претседателот на државата треба да одлучат до кога ќе трае вонредната состојба и потоа да се определи и датум за изборите. Нашиот предлог беше јуни, но за тоа ќе се одлучи откако ќе биде прекината вонредната состојба, изјави Касами по средбата.

Ние, додаде, посакуваме бројот на заразаени и починати од коронавирисот постојано да се намалува и да стигне до нула, но апелирам институциите да ги подготват граѓаните за натамошните избори.

-Нашиот предлог како Движење Беса е дека изборите треба да се продолжат изборите треба да бидат во рамки на Уставот и законите за понатаму Владата која ќе произлезе од тие избори да може да се справи подобро да се соочи и со здравствената и со економската состојба, рече Касами.

Тој истакна дека треба да се размислува да се тргне полицискиот час, да се почитуваат мерките на заштита и граѓаните психички да се спремат за избори.