Видео конференција за унапредување на соработката меѓу земјите од регионот во организација на Скопје и Атина

На иницијатива на шефовите на дипломатиите на С. Македонија и Грција, Никола Димитров и Никос Дендиас, утре ќе се одржи министерска видео конференција, која претставува континуитет на собирот на високо ниво што се одржа во Солун во февруари годинава со учество на високи претставници на ЕУ.

Цел на утрешната конференција е координација и унапредување на соработката на министерствата за надворешни работи од земјите од Западен Балкан и членките на ЕУ од непосредното соседство на регионот во следната фаза од справување со социо-економските последици од пандемијата на Ковид-19.

Се очекува министрите учесници на собирот да разговараат за тековната и идната соработка во врска со можните начини за регулирање на прекуграничните патувања, транспортот и туризмот со исполнување на потребните медицински критериуми, како и за взаемната поддршка на националните економии.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *