Садику: Парламентарните избори да се одржат на 14 јуни

Азем Садику од Демократската партија на Албанците (ДПА) по лидерската средба кај претседатеот Стево Пендаровски изјави дека тие предложиле парламентарните избори да се одржат на 14 јуни.

– Јавното здравје е пред се, но треба да има  избори. Според нашите информации, состојбата се подобрува и  22 дена по Бајрам или поточно на 14 јуни  ние предложивме да биде ден за избори. Но, треба да се научиме да живееме со вирусот, затоа што вирусот ќе биде тука и за подолг временски период, рече Садику.

Тој потенцира дека треба да има избори кога ќе има услови и да се почитуваат сите мерки од соодветните надлежни институции.

-ДПА е задоволна од овие избори и заедно со вирусот да ја однесе во опозиција и владината албанска партија и ДПА да биде достоен претставник на Албанците во наредниот четиригодишен период, дополни Садику.