Касами: Беса ќе ја поддржи секоја одлука што ќе се донесе со кенсензус

Движењето Беса ја поддржува секоја одлука која ќе се донесе со консензус околу организација на парламентарните избори, рече претседателот на Движењето Беса, Билал Касами. Тој по средбата истакна дека на средбата кај претседателот на државата Стево Пендаровски, главно доминирал ставот како да се организират изборите, а да не се доведе во опасност здравјето на граѓаните.

– Периодот зад нас беше тежок. Исто и периодот што престои е деликатен. Затоа и на средбата, па и од овде апелираме до институците да ги олабават мерките околу движењето на граѓаните. Очекуваме од Владата на следната седница да донесе одлука за функционирање на неколку бизниси со цел граѓаните постепено се подготват од психолошки аспект за една понормална ситуација. Граѓаните исто така да ги почитуваат мерките за одржување физичка дистанца, рече Касами.