ВМРО – ДПМНЕ: Заев ги предупредувал осомничените дека криминалот им е откриен

Зоран Заев во случајот Рекет ги предупредувал осомничените дека криминалот им е откриен.

Сведочењето на првообвинетиот Бојан Јовановски, покажува дека Зоран Заев дебело бил заглавен во милионскиот рекет.

Боки 13 го кажува тоа кое што подолго време јавноста го посочуваше, дека Зоран Заев знаел за милионскиот рекет, па дури и ги известувал сега осомничените дека криминалот е откриен. Како што посочува Боки 13 на 3 април 2019 година, пред едно интервју во телевизијата 1тв, што соодветствува со емисијата Печат на неделата, кај што гостувал Заев, бил известен од страна на тогашниот прв човек во Владата дека се откриени и веќе има оформено случај за рекетот од страна на странски обвинител.

Иако досега не е презентиран никаков записник, според признанието на Заев, случајот е пријавен дури на 22 април, односно три недели откако тој го информирал обвинетиот Бојан Јовановски дека странски служби и обвинители го имале документирано целиот криминал.

Вака изгледа на дело „Луј Витон“ правдата и отварањето на „трас-трас“ истраги. Прво ги предупредуваш своите соработници па после глумиш загриженост и наводно го пријавуваш случајот кај обвинителка која претходно кај нив нарачувала медиумски прогон.

Ова само покажува дека Заев е главата на рекетарскиот октопод, а се понатаму е само обид да се прикријат трагите кои водат до него. Затоа не е пријавен случајот веднаш кога излезе во јавноста. Затоа Бојан Јовановски е предупреден. Затоа беше оставена Катица Јанева на слобода. Затоа исчезнуваа нејзините мобилни телефони, а тој на Јовановски не е вештачен. Затоа Зоран Милески Кичеец е на слобода, а со своја паравојска си местеле избори во Охрид заедно со Заев.

Ова е вистинското лице на криминогената власт.

Три години Заев, три години хибриден режим, три години криминал.

Одговорност мора да има и ќе има.