Наќе Чулев од ВМРО-ДПМНЕ е одговорен за загрозување на здравјето и безбедноста на граѓаните, за непостапување при настанот во Струга, за нападот врз новинар и чадната бомба во Скопје и токму затоа мора да поднесе оставка.
Вчерашниот ден беше еклатантен пример дека Наќе Отсјај нема капацитет, а ниту волја да работи во интерес на граѓаните.
Запрепастува апсолутната негрижа на Наќе Чулев за здравјето на граѓаните. Тој вчера на Денот на македонската полиција, спротивно на препораките, организираше јавен собир, без запазување на мерките за заштита и го загрози здравјето и на присутните и на полицајците.
Дополнително, на јавно објавени видеа јасно се гледаат соработници на Наќе Чулев кои се обидуваат да попречуваат новинари во вршење на својата работа и при тоа им се закануваат со физичка сила.
На крајот, освен закани, новинарите и медиумските работници, заедно со претставниици на дипломатскиот кор добија и чадна бомба во непосредна близина, со што беше загрозена и нивната безбедност и нивното здравје.
Очигледно на Наќе Отсјај поважно му е да снима скапи спотови, злоупотребувајќи ги ресурсите на полицијата, во кои демонстрира моќ и во кои нема место за граѓаните.
Наќе Чулев освен да го брани Христијан Мицкоски, не е способен за ништо друго и затоа мора да си поднесе оставка.