Заев: Да бидеме одговорни кон државата, да го прифатиме првиот момент за избори – ако е возможно уште во средината на јуни

Како одговорни политичари мора да заземеме јасни, прецизни ставови врз основа на аргументи. Мора да бидеме одговорни кон државата, да го прифатиме првиот момент за избори. Најоптимално, тоа би било во средината на јуни. Има доволно време од завршувањето на вонредната состојба за сите активности, ако, секако, тоа го дозволи ситуацијата со коронавирусот за што, секако, ќе одлучат надлежните во здравството, рече лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

Во вечерашното гостување на „24 – Отворено студио“, Заев напомена дека дополнителни причини за одржување избори во најбрз рок покрај можниот втор пик на КОВИД-19, се тоа што моментно немаме Парламент, а и Владата е техничка, не политичка.

Заев нема информација дека лидерската средба кај Пендаровски ќе биде на 12 мај. Информиран е за нејзино евентуално одржување на 10 мај или во периодот од 10 – 15 мај, а на неа, како што рече, СДСМ ќе го повтори барањето – веднаш да се оди на избори.

Мицкоски, порача Заев, не треба да бега од избори зашто секако неговата партија ќе биде поразена.

Гласањето би било согласно препораките за заштита, со носење маски и употреба на дезинфициенс на влегување и излегување во избирачките места.

-Можеме да бидеме со различни ставови, но треба да преовлада интересот на државата. Дали ќе ја ставиме во ризик државата и ќе влеземе во уставни проблеми од кои нема решение или ќе бидеме одговорни и ќе го прифатиме првиот возможен рок за избори. ВМРО-ДПМНЕ ќе биде поразена кога и да се случат изборите и тука нема дилеми. Сега е битно што е најдобро за државата, а тоа се брзи избори. Мислам дека моеме да се договориме како здраворазумни луѓе, не треба да има никаква дилема, а Мицкоски нема потреба да бега од избори. Има доволно време да ги претставиме програмите и кандиатите. Наше е тоа да го сториме, а на граѓаните е да одлучат, истакна Заев.

Верувам, додаде, дека вледеењето на правото ќе биде темелот на донесувањето на одлуката.

Според Заев, поради здравстевната криза и економската состојба доцна е изборите да се одржат во почетокот на јули како што пред него во истата емисија рече Мицкоски.

Лидерот на СДСМ е уверен дека има време ДИК да ги спроведе потребните активности и му порача на Дерковски секој да биде професионален. Предупреди и дека на 11 декември истекуваат комплетните уставни рокови од четири години мандат на пратениците, а тогаш влегуваме, како што посочи, во комплетно уставна криза која Уставот не ја разработил, освен во воена состојба, не во вонредна.

-Може да се продолжи мандат повеќе од четири години. Во такви околности претседателот на државата може да аминува министри, премиери, но во воена состојба. Затоа нашиот став е во најбрзможен  рок да се оди на избори. Од друга страна, можно е изборните дејства да продолжат каде што застанале и го пвика престедателот на ДИК, да бидеме професионалци. Процесот е замрзнат каде што зАСТАНА. Кандидатските листи се поднесени, дијаспората е заокружена, како и сите други постапки. Увид во Избирачкиот список е прекината. Точно со скратени рокови согласно законот и Уставот потребни се 30-на дена. Дваесет дена е кампањата, пет дена да има нов увид за да се дополни списокот до денот на изборите, партиите да реагираат,… ОДИХР рече дека е подготвена да испрати набљудувачки мисии, подвелче Заев.