Во Прилеп почит за Гоце Делчев, Пере Тошев и за Јосип Броз Тито

По повод 117 – годишнината од загинувањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев Општина Прилеп положи цвеќе и се поклони пред спомен-бистата на Делчев. По повод 108 – годишнината од смртта на револуционерот и војвода Пере Тошев, цвеќе беше поожено и пред споменикот на Тошев.

Прилепските локални власти му оддадоа почит и на Јосип Броз Тито, претседател на поранешната југословенска држава по повод 40 години од неговата смрт.