Донирани маски, визири и антибактериски сапуни изработени од занаетчии

Центарот за управување со промени (ЦУП) од Скопје заедно со партнерски организации на општина Тетово донираа 9600 маски, 1250 заштитни визири за лице и 1100 антибактериски сапуни на природна база. Во рамки на проектот „Развој на микро претријатија на жени од прекуграничната област“ се алоцирани дел од средствата со цел да произведат и да донираат маските, визирите и сапуните.

-Донацијата ќе им помогне на граѓаните полиција, здравствените работници да го зачуваат своето здравје во текот на извршување на своите работни обрвски но исто така ќе помогнеме во зајакнуавње на капацитетите за производство и продажба на жените претриемачки во прекуграничниот регион. Во изработката на донирате добра учествуваат жените претприемачки од услужниот, здравствениот и занаетчискиот сектор кои што се активно вклучени во проектот. Преку оваа донација дадовме свој допринос како во борбата со новиот вирус Ковид-19 така и со финансиска и едукативна поддршка на жените кои што учествуваат во оваа акција. На тој начин директно влиајевме врз ликвидноста на овие фирми кои во услови кога има значителен пад на деловниот сектор, овозможивме да ги поддржиме и поткрепиме. Исто така овозможивме да влиајеме врз поттикнување на родовата свесност значењето на жената и нејзниниот труд во услови на пандемија, истакна Јасна Пајковска, проектен координатор во проектот.

Половина од донираните производи ќе се доделат за општина Тетово, а другата половина за Елбасан, Албанија како учесници во проектот „Развој на микро претријатија на жени од прекуграничната област“

-Ние како Кризен штаб се заблагодаруваме за интересот за да доставената донација на општина Тетово. Преку општината и кризниот штаб производите ќе бидат прераспределени до Клиничка болница и Секторот за внатрешни работи Тетово, истакна Ругова Куртиши, претставничка на Кризниот штаб при општина Тетово.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *