МАКЕДОНИЈА СТАРТУВАШЕ СО ПОБЕДА

Македонската кошаркарска репрезентација со победа на гостувањето во Словачка ги почна квалификациите за ЕП 2021 година. Избраниците на селекторот Јорданчо Давитков конечно покажаа солидна партија и славеа над домаќинот Словачка со 74-66.

Се чини пресудна беше втората четвртина, кога словаците беа комплетно надиграни. По израмнетата прва четвртина, во втората “црвено-жолтите” доминираа па на полувреме заминаа со водство од 14 поени предност, 44-30.

Критичен беше третиот период и неколку минути од четвртиот. Словаците направија серија од 12-0, и ја вратија неизвесноста во мечот. Сепак до крајот на натпреварот македонците се созедоа, направија недостижна, двоцифрена предност и на крајот славеа сосема заслужено.

Најдобар во нашата селекција беше Ричард Хедрикс со 21 поен и 14 скокови, а веднаш до него капитенот Војдан Стојановски со 20 постигнати коша.

Следниот натпревар нашата репрезентација ќе го игра в недела против Швајцарија во салата на СРЦ “Борис Трајковски”