Решението на спорот за името со Грција треба да има двајца победници, смета Владимир Глигоров синот на поранешниот претседател на Република Македонија Киро Глигоров.
За грчкиот весник „Прото тема“ 73-годишниот Владимир Глигоров го оценува како позитивен чекор фактот што Владата на премиерот Зоран Заев ја отфлила „древномакедонската“ идеологија на својот претходник Никола Груевски.
Според него, прашањето за името на Македонија може некако да се реши и тоа да е политички достоинствено. Неговиот став за Уставот на Република Македонија е дека тој треба да биде променет во согласност со внатрешните состојби во земјата и во рамки на приближувањето на земјата кон ЕУ, за да бидат надминати и прашањата за иредентизмот кои Грција ги поставува.
Владимир Глигоров, кој е економист по префоесија, во 1989 година беше еден од основачите на Демократската партија на Србија, а од 1994 живее и работи во Австрија во Институтутот за меѓународни економски истражувања. Тој е и лектор на Виенскиот универзитет, наведува грчкиот весник.