Самитот ЕУ – Западен Балкан ќе се одржи на 6 мај виртуелно

Претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел, соопшти вечерва дека самитот ЕУ – Западен Балкан што требаше да се одржи во Загреб во мај, ќе се одржи преку видеоконференција на 6 мај, јави дописничката на МИА од Брисел.

Ова било договорено на денешната виртуелна средба на шефовите на држави и влади на ЕУ, на која главна тема беше излезот од економската криза предизвикана од коронавирусот.

Загрепскиот самит требаше да се одржи на почетокот на мај. Европските лидери, дипломати и функционери повеќепати уверија дека и покрај длабоката криза низ која минува Европската Унија, Западниот Балкан нема да биде запоставен.

Самитот ЕУ – Западен Балкан треба да биде прилика за лидерите од регионот и од ЕУ да разговараат за главните политички и економски предизвици со кои се соочуваат, како и за зајакнувањето на односите. На овој самит нема да се носат одлуки.