Ѓорѓија Џорџ Атанасоски со порака до македонските власти

“Македонија доби позитивно мислење од советот на министри на ЕУ за започнување на преговорите, но Бугарија поита преку нивниот извештај да побара Македонија да се откаже од македонското малцинство и од македонскиот јазик.

Поминаа неколку дена, се јавија македонските власти со “мек тон”, слабо одговорајаќи дека тоа е во спротивност со европските вредности.

Па јас ќе упатам две пораки.

Не може Бугарија да условува и да покажува дека не постои македонско млацинство, кога Бугарија од меѓународниот суд е осудена земја за непризнавањето на ОМО Илинден Пирин како македонска партија во Бугарија. Бугрија не може да го негира фактот дека во 1913 година запоседна дел од македонската територија и дека за време на Втората Светска Војна направи геноцид врз македонските Евреи.
Патем, Бугарија треба да се заблагодари на Македонија што има писменост, како и целиот југо-источен дел од Европа.
Нека одговорат бугарски власти, како тие можат да не признаваат Македонски јазик, кој тој е меѓунарондо признат во ОН?
А, сега и порака до македонскиот политички естаблишмент.

Еве до каде не доведоа вашите предавства и потпишување некакви договори за добрососедство.
Веднаш поднесете нота и раскинете ги договорите и престанете непотребно да ја втурнувате Македонија во ЕУ која и така е пред колапс!
Не во ЕУ, и никогаш Северна, само Македонија е основното мото до кое треба да се држиме.”

Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, Претседател на Македонска Алијанса