НАТО формира тимови за борба со хибридни закани во С. Мaкедонија и Црна Гора, откако лажните вести и дезинформации на Русија и Кина зедоа голем замав со кризата на пандемијата од корнавирус во Западен Балкан, изјави за МИА амбасадорката на САД во Алијансата, Кеј Бејли Хачинсон.
– Алијансата очекува од Скопје дополнителни информации за формирање на таков тим и за С. Македонија, а чија цел е подготовка на медиумите во земјата како да ги одвратат кампањите на дезинформација од Русија, изјави амабасадрката на денешниот онлајн видео брифинг за новинарите во Вашингтон, потенцирајќи дека тимот во Црна Гора е веќе распореден.
Според амбасадорката, како најнова членка на НАТО, С. Македонија е посебна цел на кампањата на дезинформации организирана од Кремљ.
– Во С. Македонија се шират многу лажни вести во однос на коронавирусот и помошта во опрема што НАТО ја даде на сојузничка за справување со кризата во вонредни ситуации, додаде Хачинсон.
Според неа, дезинформациите од Русија се случуваат одамна, уште кога С. Македонија побара да стане членка на НАТО и продолжија кога приемот на земјата во Алијансата беше потврден.
– Ние се обидуваме директно да се спротивставиме со факти дека С. Македонија е полноправна членка и како сојузничка е поддржана од НАТО во оваа криза и дека помошта ќе продолжи, вклучително и помош за справување со дезинформациите кои доаѓаат од руски извори, изјави амбасадорката.
Лидерите на воената алијанса одобрија создавање на тимови за борба со хибридни закани во јули 2018 година. Овие тимови обезбедуваат специјализирана помош по мерка, побарана од сојузниците, за справување и одговор на хибридните закани.
Хачинсон ги повикува сојузниците од НАТО да се спротистават на дезинформациите од Русија и Кина во однос на коронавирусот, посочувајќи дека никој не очекувал оти во време на светска пандемија, противниците на Алијансата ќе го изразат своето незадоволство токму така.
– Тие лажно известуваат дека праќаат помош, тие лажно известуваат дека овој вирус се појавил или во Европа или во САД, зависно кој медиум ја пласира информацијата. Тоа е апсолутно лажно, и се обидуваме да одговориме на неточната информација со факти, порача Хачинсон.
Амабасадрката укажа дека сето тоа е дел од постојаната и забележлива хибридна и кибер војна „со која не само што се обидуваат да шират незадоволство, но и да го девалвираат нашето лидерството во време кога западните општества бараат лидери за справување со безбедноста и помошта што им е потребна во време на криза“.
– Енергично сме против во положба сите заедно од Алијанста јасно да кажеме: одбиваме дезинформации во време на хуманитарна криза, истакна амбасадорката Хачинсон на денешниот брифинг за новинарите.