Спасовски од Дебар: Поминавме тежок период, но не е сè завршено и не треба да бидеме релаксирани

Денеска можеме да испратиме силна порака на охрабрување, не само за граѓаните на Дебар и Центар Жупа туку и за граѓаните на Република С. Македонија дека знаеме, можеме и умееме да се справиме и
во овие тешки моменти, порача премиерот Оливер Спасовски од Дебар.

Додаде дека граѓаните од двете општини беа 30 дена во карантин и со ограничување на движењето поради здравствената криза.

-Граѓаните се за секоја пофалба и признание, поради дисциплинираноста и посветеноста во борбата против короноавирусот и тоа покажува дека со посветеност, преку дисциплина и внимание и преку упорност, којашто ја има секој од нас, можеме да си помогнеме и себеси и на нашите семејствата и на државата, рече Спасовски.

Искажа голема благодарсност и признание на здравствените работици, кои беа на првата „борбена линија“ против невидливиот непријател, на македонсклата полиција и
армијата, кои дадоа се од себе полесно да поминеме во оваа криза, на сите владини и локални институции, на градоначалниците и општинските оперативни штабови кои, како
што рече, направија се да имаме доследна имплементација на мерките што ги донесе Владата   во изминатиот период.

-Поминавме тежок период, меѓутоа се уште се не е завршено. Периодот кој можеби беше најтежок во Дебар и Центар Жупа, меѓутоа во ниту еден момент од денеска натаму не треба да бидеме релаксирани, туку напротив да продолжиме со почитување на сите мерки и препораки коишто ги носи Влатата и се она што работат и препорачуваат
општинските штабови, порача премиерот.

Посочи дека она што можеме  да придонесеме заедно и ефикасно е социјалната дистанца: – Затоа ги повикувам сите граѓани на РСМ да направиме се да ги почитуваме мерките, а тоа е да останеме дома што е можно повеќе и заедно да придонесеме да го победиме ова зло на територијата на целата наша земја,нагласи Спасовски.

Сакам, речет тој, да ја искажам посветеноста на Владата да направиме се што е можно и да го заштитиме здравјето и животот на граѓаните.

-Меѓуоа да направи и се што треба да направиме како Влада, да и помогнеме на економијата и во Дебар и Центар Жупа. Сите граѓани треба знаат дека ние сме тука, имаме план, се грижиме за тоа што треба да направиме. Во наредниот период
ќе има многу мерки, веќе презентиравме два сет мерки на кои треба да се приклучат и компании од Дебар  и Центар Жупа, да помогнеме економијата да преживее, а со тоа да имаме добра подготовка за брзо и ефикасно заживување на економијата, рече премиерот Спасовски.

Задоволство од присиството во Дебар искажа и вицепремиерот и координарот за општинските кризни штабови Бујар Османи кој, како рече, секогаш бевме со жителите на
двете општини и дадовме се од себе да помогнеме во справувањето со сосотојбата. Но,сепоак најголемо признание треба да им дадеме на граѓаните кои покажаа совеснот и
достинство.

-Ги активиравме сите механизми за да бидеме во служба на општините со цел да се вратат во нормала. Ќе продолжиме и понатаму со сестрана помош, со почитување на мерките за спречување на проширувањето на коронавирусот, како и со цел меѓу другото да ги намалиме и социоекономските последици, за што Владата има свој план, рече Османи, кој исто така се заблагодари и оддаде признание и на сите вклучени инситруции.

И Спасовски и Османи посакаа побрзо закрепнунвање на заразените, а од името на Владата изразија счувство до семејствата на починатите.

Градоначалначалниците на Дебар и Центар Жупа, Хекуран Дука и Аријан Ибраим се заблагодарија на сестраната помош што Владата ја даваше и благодарсност за исполнувањето на барањата кои во одреден момент се појавуваа како приоритет.

-Општините Дебар и Центар Жупа се мали општини и со мали буџети но со многу обврски. Потребно ќе ни биде Владата да ни помогне во рестартирањето на економијата, во што
искрено не се сомневаме. Сакаме да бидеме успешни и да излеземе со бел образ, рече меѓу другото Дука.

Тие им порачаа на граѓаните дека треба и понатаму строго да ги почитуваат мерките зашто „борбата со невидливиот непријател се уште не е завршена“.