Лидерот на ВМРО – Народна партија, Љубчо Георгиевски бара десетдневно целосно затворање на државава за да се спречи ширењето на коронавирусот.
– Бараме целосно затворање на цела Македонија – десет дена. Тоа е нужно за да се направи пресекување на вирусната криза. Тоа ќе биде вовед во понатаму, ослободување од мерките. Ова што сега се прави со затворање од 16 часот е контрапродуктивно, се создава огромен метеж пред банки, во маркети во утринските часови пред полицискиот час и создаваме непотребно ширење на вирусот, наместо да го блокираме комплетно, рече Георгиевски во отвореното студио на ТВ24.
Оваа работа, посочи, нема да заврши за два месеци, тоа станува се појасно и затоа мораме да одиме на една ваква мерка сега, а потоа да ослободуваме.
– Мала земја сме, може да биде тоа предност за нас, но потребни се други мерки. Треба да биде наша цел – држава ослободена од коронавирусот, вели Георгиевски.