Лидерите на двете најголеми политички партии Зоран Заев на СДСМ и Христијан Мицкоски на ВМРО-ДПМНЕ од денеска се во задолжителна домашна изолација, соопшти денеска на вонредна прес – конференција министерот за здравство Венко Филипче.
Филипче појасни дека по информацијата која ја доби Министерството за здравство дека еден новинар од телевизиски медиум е позитивен на ковид-19 вирусот кој во текот на минатата недела имаше тв интервју со Заев и со Мицкоски, двајцата се тестирани.
-Резултатот на Мицкоски кој беше изработен доцна синоќа е негативен, но тој ќе биде во задолжителна самоизолација до истекот на 14 дена од последниот контактот со заболениот. Во овој момент нема потреба од посебни епидемиолошки анкети. Резултатот на претседателот на СДСМ Заев со оглед на тоа што тој синоќа вече беше заминат за Струмица ќе биде готов во текот на денешниот ден, но и тој веднаш по информациите е ставен во домашна изолација, рече Филипче.
Новинарот е во стабилна здарвствена состојба и е на лекување во болницата „8 Септември“.
Во текот на денот ќе се направат анекти и со точниот наод и бројката на лица кои ќе одат во самоизолација, ќе оцнат епидемиолозите, рече Филипче и најави повеќе информации на следната прес-конференција во текот на денот.
Заев и Мицкоски минатата недела гостуваа на ТВ Канал 5.