Главниот координативен кризен штаб ги разгледа најновите предлози и мерки за коронавирусот

На првиот состанок на Главниот координативен кризен штаб за состојбата со коронавирусот што се одржа денеска  беа презентирани најновите информации од Комисијата за заразни болести, како и информациите од Центарот за управување со кризи  и од Дирекцијата за заштита и спасување кои доаѓаат од целата територија на државата, и посебно од подрачјата на општините Дебар и Центар Жупа, со цел целосна координација на предлозите и мерките што ќе одат како препораки до Владата која на вечерашната седница ќе одлучува по нив.

Со Главниот координативен кризен штаб, претседаваше премиерот Оливер Спасовски, на кој присуствуваа вицепремиерите Радмила Шекеринска, Мила Царовска, Садула Дураки и Бујар Османи, како и министерот за внатрешни работи  Наќе Чулев и дополнителната заменичка министерка за внатрешни работи Славјанка Петровскаминистрите за здравство Венко Филипче, за транспорт и врски, Горан Сугарески, за финансии Нина Ангеловска, за образование и наука  Арбер Адеми, за надворешни работи Никола Димитров и за правда Рената Дескоска.

Присуствуваа и директорите на Центарот за управување со кризи Агрон Буџаку и на Дирекцијата за заштита и спасување Аднан Џафероски.