Политиките на Зоран Заев ја уништија македонската економија и ја водат државата кон банкрот.
Зоран Заев вчера ги задолжи граѓаните за 131,6 милиони евра. Тоа е задолжување од неверојатни 70 евра за секој поединец, вклучувајќи ги и новороденчињата.
Јавниот долг не само што е висок, туку ги надмина енормните 50% заканувајќи се со тотално банкротирање на државата.
Зоран Заев се богати, задолжувањата се зголемуваат а граѓаните осиромашуваат.
Расипничкото владеење на Заев и СДСМ продолжуваат а непродуктиви трошоци се зголемуваат.
За еден месец владата на Заев потрошила 1.3 милијарда денари за привремени вработувања, а за неполни три години трошоците за привремените вработувања се зголемени за огромни 71%.
Државата се задолжува, капиталните инвестиции се на рекордно ниско ниво, а економијата тоне. Во јануари имаме историско најниско ниво на капитални инвестиции од 1.67 отсто.
Од инвестиции останаа само семејните богатења на Заеви, сомнителните тендери и мегаломанското зголемување на капиталот на функционерите околу Зоран Заев.
Единствено економско блескање кое што го најавуваше Заев се енормните износи на нови задолжувања. Забрзаното задолжување е показател дека Зоран Заев го интересира само како да ги присвои парите на граѓаните пред да си замине од власт.
Ги нема помпезно најавуваните патишта ,автопати, болниците, училиштата, проектите за младите, амбулантните возила.
Нема никакво враќање пари во стопанството, она што треба да биде двигател на економијата. бизнисот и стопанството, секој ден бележат се полоши резултати, а доказ за тоа е и данокот на добивка, кој има помала реализација во однос на лани за 17,75%.
Расипничкиот однос на Заев и СДСМ ќе заврши по 12 април, кога ќе дојде ВМРО-ДПМНЕ на власт и ќе започне обновата на економијата во Република Македонија.