Седници на три собраниски комисии

Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за политички систем и односи меѓу заедниците, за труд и социјална политика и Законодавно-правната комисија.

На дневен ред на Комисијата за политички систем и одоси меѓу заедниците се измени и дополнувања на законите за народниот правобранител и за заштита на укажувачи, двата во второ читање.

Комисијата за труд и социјална политика ќе ја одбележи меѓународната недела на уличен печат.

Седница ќе одржи и Законодавно-правната комисија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *