ВМРО-ДПМНЕ: Заев и СДСМ креираат поделби и ги кршат законите

Заев и СДСМ креираат поделби и ги кршат законите.

Доколку Заев не го одобрува преименувањето на училиштата нека донесе одлука на влада која е на СДСМ за поништување на одлуката

Владата на СДСМ денеска незаконски ги промени имињата на училиштата „Никола Вапцаров“ и на „Рајко Жинзифов“ во „Исмаил Ќемали“ и во „Имри Елези“ во Чаир.

Владата на СДСМ без одлука на Совет и без бадентерово мнозинство ги смени имињата на училиштата.

Заев е лицемерен и без срам излегува да ја лаже јавноста. Заев знаел за оваа промена и ја одобрил, исто како што знае за одлуките на ЈО и Врховен суд.

Заев е човекот кој ја има ставено целата држава под негова контрола. Менувањето на имињата на училиштето се евтин популистички обид да добие гласови во Чаир.

Доколку Заев не го одобрува ова преименување нека донесе одлука владата која е на СДСМ за поништување на одлуката.

Лицемерно и тажно. Откако ги излажа граѓаните и не оствари 500 евра плата, 100.000 денари плата за лекарите, откако не ги направи автопатите кои ги вети, тој повторно игра на национал романтичарска карта.

Граѓаните сакаат иднина, сакаат развој, а не нови поделби. На криминалот и поделбите им доаѓа крајот на 12-ти април. СДСМ заминува во опозиција.