На денешната седница на албанскиот Парламент, пратеникот од редовите на Македонска алијанса за европска интеграција Васил Стерјовски, говореше за еден од најгорливите проблеми што ги мачат жителите на Општина Пустец, за што искажале голема загриженост на средбите што во текот на изминатата недела ги имал со нив а тоа е проблемот со снабдувањето со електрична енергија.
Општина Пустец, која е населена од 5.200 жители од македонската заедница, се снабдува со електрична енергија од трафостаницата Билишта, а електричната мрежа која е изградена во 1965 година и многу е амортизирана, нкогаш не е реконструрана.
– Нередовното снабдување со електрична енергија и нискиот напон создаваат потешкотии во секојдневниот живот на жителите, предзвикуваат штета и кај неколкуте ресторани и бизниси што работат на територијата на општината, има проблеми во функционирањето на општина Пустец, училиштата, амбулантите, зравствениот центар во Пустец и го попречува нормалниот тек на туристичката сезона, наведе Стерјовски.
Објасни дека веќе неколкупати зборувал пред Собранието за овој проблем а преку протоколот на Собранието испратил неколку писма до Министерството за инфраструктура и енергија и Електродистрибуција.
– Одговорот што го добив од овие институции е дека Регионалната дирекција на Операторот на дистрибуција на електрична енергија од Корча е запознаена со проблемот со снабдувањето со електрична енергија на општина Пустец и има изработена проект за реконструкција на главната линија, проект што чека одобрување и финансирање. Тоа е се, рече Стерјовски.
Додаде дека општина Пустец е модел за плаќање на сметки за потрошена електрична енергија и е единствена општина во Албанија каде наплатата на сметките изнесува сто отсто.
– Општина Пустец е една од најубавите природни бисери во оваа земја, туристичка област чиј поголем дел потпаѓа под Националниот парк „Преспа“. Селото Зрноско, едно од деветте села, од страна на албанската влада е опфатено во проектот „100-те туристички села“, рече тој.
Стерјовски, искажа надеж дека Министерството за инфраструктура и енергија во соработка со Елекродистрибуција што побрзо ќе го реши овој проблем.